Изречени 692 санкции за неносење маска


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 692 прекршоции, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.