Црногорец по грешка примал поголема пензија, треба да врати 155.000 евра

 

Воен пензионер од Црна Гора единаесет години по грешка ка црногорскиот пензиски завод примал десет пати поголема пензија од таа што требало, а сега судот му наложил да врати 155.000 евра.

Пензионерот со решение на Фондот за социјално осигурување од 2007 година остварил право на инвалидска пензија во висина од 822,52 евра, но се работело за грешка. Точниот износ бил 82,25 евра јавија црногорските медиуми.

По измена на законот, по службена должност, покрената е постапка за одредување нов износ на инвалидската пензија, па од почетокот на 2011 година, тој износ му е зголемен на 1.103 евра.

Црногорецот пензијата уредно ја примал до 2018 година, кога е забележана грешката и кога е поништено решението.

Финдот по судски пат побарал враќање на вишокот уплатен на негова сметка, па дури и камати, а слаба утеха за овој пензионер е што судот пресудил да му бидат простени каматите, но мора да врати „само“ 155.000 евра.