Нема веќе свадби, родендени, сочувства во Црна Гора, налагаат рестриктивните мерки


Здравствените власти во Црна Гора усвоија нови рестриктивни епидемиолошки мерки што ќе се применуваат низ целата земја од недела до 1 декември.

Националното координативно тело за контрола на заразни болести ќе го ограничи движењето низ целата земја од 21 до 5 часот наутро, а предвидена е и забрана за патување на долги релации за време на викендите.

Работното време на продавниците и рестораните ќе биде скратено до 20 часот, а сите собири, како и посетите на куќите ќе бидат забранети. Носењето маски ќе биде задолжително во кафулињата, а посебна дополнителна мерка за угостителите ќе биде поставување плексиглас помеѓу масите.

Мерките важат од 15 ноември до 1 декември со можност за продолжување, јави Вијести.

Во земјата во моментов има 8.828 заразени лица, повеќе од еден процент од населението од 620.000 луѓе. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција е 26.109 или четири проценти од населението во Црна Гора.

1. Забрана за движење од 21 до 5 часот наутро со исклучоци – работа, здравствени потреби и хуманитарни причини.

2. Максимум четири лица можат да се движат заедно на отворено.

3. Забрана за движење надвор од општините од петок на полноќ до недела на полноќ, освен исклучоците што веќе се споменати.

4. Забранети се верски собири, свадби, сочувства, сите приватни собири и прослави (родендени, крштевки и други прослави).

5. Ритуалите се дозволени во верските објекти, но без присуство на верници.

6. Работата на сите угостителски објекти е од 7 до 20 часот. Секој угостителски објект мора да назначи лице одговорно за примена на мерките.

7. Можно е да работат угостителски објекти додека се носат маски на отворено и во затворен простор, освен за време на консумацијата на храна и пијалоци. Дезинфекционите средства мора да бидат на секоја маса. Дезинфекција на рацете на влезот и излезот е задолжителна. Задолжително е да се постави плексиглас помеѓу масите. Бројот на луѓе на иста маса е четири, но растојанието мора да биде два метра. На терасите може да има четири лица на маса со растојание од два метра меѓу нив и помеѓу масите.

8. Работата на фитнес центрите за рекреативци е овозможена со задолжително носење маски. Едно лице може да биде на десет квадратни метри, а групните тренинзи се забранети.

9. Забрана за посета на станбени згради за лица кои не се членови на исто семејство.