Туркменистан тврди дека во земјата нема случаи на Ковид-19

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов тврди дека во неговата земја нема случаи на корона вирусот, објавија денеска локалните медиуми.

Изјавата на Бердимухамедов е дадена за време на отворањето на нова болница за инфективни болести.

Тој ја поздрави „големата ангажираност“ на државата при избегнувањето на вирусот, пишува државниот весник „Неутрален Туркменистан“.

– Како резултат на преземените превентивни мерки досега во земјата не се регистрирани случаи на Ковид-19, нагласи Бердимухамедов.

Туркменистан и Северна Кореја се меѓу помалку од десетина земји во светот, кои се уште не потврдиле ниту еден случај на корона вирус. Останатите се тихоокеански островски држави.