Во Словенија починаа 38 пациенти со Ковид-19, а 1.508 се заразени

 

Во Словенија денеска се регистрирани 1.508 случаи со корона висру, а од последиците на истиот починаа 38 пациенти, соопшти словенечката влада.

Тестирани се 5.762 лица, од кои 26,2 отсто се позитивни, пренесе порталот 24UR.

На болничко лекување се 1.199 пациенти, од кои 200 на интензивна нега.