Град Скопје организира „Историска тура со Маршалот“

„Историска тура со Маршалот“ организира Град Скопје.

Стартот на турата е закажан  за утре во 12 часот и ќе се поминат објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје.

-Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата, а турата ќе ја води Војче Китаноски, се вели во објавата на Фејсбук.