Дури 10.000 помалку заразени во Франција, по воведувањето карантин


Во последните 24 часа се регистрирани 23.794 нови инфекции со коронавирус во Франција, што е драстично намалување во споредба со 33.172 нови случаи во четвртокот или 60.486 минатиот петок, пишува Ројтерс.

Забележан е и значителен пад на хоспитализациите. Во последните 24 часа, 24 лица со тешки симптоми на инфекција биле примени во болниците, за разлика од 737 вчера. Само четири лица биле примени на одделот за интензивна нега, наспроти 96 вчера и повеќе од 100 на ден секој работен ден минатата недела.

Бројот на смртни случаи од корона вирус во болниците се зголемил малку од 425 на 456. Франција, исто така, објави 476 смртни случаи во домови за стари лица во последните три дена.

Во последните 24 часа, 932 лица починале од корона вирус во таа земја, што е најголем дневен број на смртни случаи во вториот бран на пандемијата. На крајот на март и почетокот на април, повеќе од 1.300 луѓе умирале од ковид-19 во Франција секој ден.