(Видео) Заложничка драма во Монтреал

Во Монтреал, Канада, во тек е заложничка криза во зградата на компанијата „Убисофт“, јавија тамошните медиуми.

„Ги молиме луѓето да го избегнуваат овој дел од градот. Полицијата во моментот ги проверува информациите и наскоро очекува повеќе детали“, пишува во кусото соопштение.

На видео-снимките кои кружат на интернет се гледа голем број полицајци вооружени со снајпери и пушки вперени во зградата на „Убисофт“, компанија за провизодство на видео-игри.

Раша тудеј јавува дека не е познато колку осомничени се вмешани во заложничката криза ниту колку заложници зеле. Одреден број од вработените успеале да избегаат на покривот и да ја забарикадираат вратата.

Информациите се разликуваат до медиум до медиум. Некои пишуваат дека вработените се забарикадирани во конференциска сала, други пренесуваат дека некои избегале од зградата, а новинарка на Култ Ем-те-ел, на Твотер напиша дека луѓето кои останале во зградата се кријат под масите, за што ја известил пријател.

Ерик Поуп, еден од вработените на развој на видео-игри, вели дека се слушнал со колегите кога слушнал метеѓ и повици сите да ја напуштат просторијата.

На снимките кои ги закачуваат граѓаните на Монтреал се гледа и како доаѓа амбулантно возило на местото.