Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија


Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ. Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. …

Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија Read More »

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија


Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес, и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес, и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета. Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој …

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија Read More »

Тешка сообраќајка во скопско Ченто, едно лице го загуби животот


Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто. Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) …

Тешка сообраќајка во скопско Ченто, едно лице го загуби животот Read More »

Повторно горат бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк


Повторено горат бараките каде порано се наоѓаше судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Пожарот избил вечерва, а според информации од Бригадата за противпожарна заштита, во моментов неколку екипи се на терен и го гаснат пожарот. Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и …

Повторно горат бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк Read More »

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното


Градскиот енергетски систем не доби лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, па  три компании во овој момент кои што самостојно, автономно ги носат своите деловни одлуки и тие се оние кои одлучуваат за испораката на топлинска енергија до граѓаните на Скопје, рече градоначалничката Данела Арсовска, во вечерашното гостување на Телма, по жалбите од граѓаните дека …

Арсовска: РЕК не даде лиценца на Градскиот енергетски систем, па три компании ги носат одлуките за парното Read More »

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ. Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки …

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ Read More »

Утре нема да може да си платите билет за ЈСП со мобилен


Од ЈСП Скопје, информираа дека  утре, вторник (11.01.2022 год) од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185). Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон …

Утре нема да може да си платите билет за ЈСП со мобилен Read More »

Се чистат од снег булеварите низ Скопје


Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението. Тие додаваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите …

Се чистат од снег булеварите низ Скопје Read More »

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило


Поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради …

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило Read More »

Во Германија повеќе од 25.000 новозаразени


Германија регистрираше 25.255 нови случаи на инфекција со корона вирусот во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција достигна 7.535.691. Во последните 24 часа германските здравствени власти регистрираа и 52 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19. Вкупниот број на починати од Ковид е 114.029.

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата


Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.   Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена …

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата Read More »

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи


Од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвјата со цел да се избегнат несакани последици од нивно паѓање, поради снежните врнежи кои го зафатија градот. -Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да се обратите до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195 или …

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи Read More »

Шпанија се спрема Ковид-19 да го следи како грип


  Шпанската влада работи на прописи со кои би се ограничила малопродажната цена на антигенски тестови на Ковид-19, изјави денеска премиерот Педро Санчез, откако во декември многу аптеки останаа без клучниот алат во борбата против заразата. поради зголемените цени на антигенски тестови во Шпанија на врвот на овој бран од заразата со омикрон и немањето …

Шпанија се спрема Ковид-19 да го следи како грип Read More »

Новозаразени се 813 лица, починаа вкупно 10 пациенти


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 549, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, …

Новозаразени се 813 лица, починаа вкупно 10 пациенти Read More »

Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани


  Џамијата што се гради во скопско Злокуќани е дивоградба, а инспекторите од Општина Карпош, дадоа рок од 15 дена таа да се урне. Од општината соопштија дека во саботата на 8 јануари инспекциската служба на Општина Карпош излезегла на терен во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани. – Инспекциската служба на …

Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани Read More »

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн


Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава. – Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри …

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ бара второто полугодие од учебната година да почне онлајн Read More »

Кинеската полиција: Не приоѓајте на возилата од ЗОИ при сообраќајка


  Полицијата во Пекинг ги предупреди жителите да не помагаат на возилата на Зимските олимписки игри ако им се случи сообраќајка за да не се кршат строгите правила воведени поради Ковид-19. Кинеската престолнина следниот месец е домаќин на ЗОИ, а властите воспоставија рестриктивни мерки во кои ни еден спортист или други учесници на натпреварувањата нема …

Кинеската полиција: Не приоѓајте на возилата од ЗОИ при сообраќајка Read More »

Приватните превозници во Скопје бараат помош од Владата


Поради покачувањето на цената на метанот, приватните превозници се соочуват со економска штета и нормално функционирање на автобусите. Неопходно е Владата да интервенира со одредени активности или субвенции што ќе им помогнат да ја совладаат оваа состојба, апелираше денеска директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“. -Во моментов, кон добавувачите на метан и нафта имаме долг …

Приватните превозници во Скопје бараат помош од Владата Read More »

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон


Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа. И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во …

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон Read More »