Се чистат од снег булеварите низ Скопје


Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението.

Тие додаваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење и одржување.

-Локации кои досега се исчистени се булевар „Словенија“, булевар „Никола Карев“, населба Даме Груев кон новоселски пат, улица „Радишанска“, улиците низ општина Шуто Оризара, улиците низ населба Драчево, последна 24-ка во Сопиште, патот кон Детската клиника во Козле, патот од Горно Нерези кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, улица „Павел Шатев“, клучката кај „Континентал“, мост Маџари, мост Бардовци и булевар „Босна и Херцеговина“, велат од Градот.