Повторно горат бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк


Повторено горат бараките каде порано се наоѓаше судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Пожарот избил вечерва, а според информации од Бригадата за противпожарна заштита, во моментов неколку екипи се на терен и го гаснат пожарот.

Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.