ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи


Фото: Б. Грданоски

Од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвјата со цел да се избегнат несакани последици од нивно паѓање, поради снежните врнежи кои го зафатија градот.

-Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да се обратите до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195 или на телефонскиот број објавен на нашата веб страна, велат од претпријатието.