Општина Карпош даде рок од 15 дена да се урне џамијата во Злокуќани


 

Џамијата што се гради во скопско Злокуќани е дивоградба, а инспекторите од Општина Карпош, дадоа рок од 15 дена таа да се урне.

Од општината соопштија дека во саботата на 8 јануари инспекциската служба на Општина Карпош излезегла на терен во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани.

– Инспекциската служба на Општина Карпош во сабота, 8 јануари, излезе на терен поради информациите за нелегалното градење на верски објект во населбата Злокуќани. Во моментот кога е извршена контролата, не се вршени градежни дејствија – велат од Општина Карпош.

Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повикал одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но тие досега не се дојдени.

Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, од општината посочија дека случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.