Кинеската полиција: Не приоѓајте на возилата од ЗОИ при сообраќајка


 

Полицијата во Пекинг ги предупреди жителите да не помагаат на возилата на Зимските олимписки игри ако им се случи сообраќајка за да не се кршат строгите правила воведени поради Ковид-19.

Кинеската престолнина следниот месец е домаќин на ЗОИ, а властите воспоставија рестриктивни мерки во кои ни еден спортист или други учесници на натпреварувањата нема да смеат да дојдат во контакт со јавноста.

Илјадници вработени под стаклено ѕвоно

Минатата недела, така, под стаклено ѕвоно беа ставени илјадници вработени, волонтери, кувари, чистачи и возачи на олимписките игри, кои ќе останат изолирани следните недели.

Мерките се толку строги што пекиншката полиција даде упати до жителите да не помагаат при евентуална сообраќајка во која учествува воизло на ЗОИ.

„Во случај на сообраќајни незгоди на посебните возила на ЗОИ, ве молиме да внимавате на одржување на безбедна далечина“, соопшти пекиншката канцеларија за сообраќај.

„Не воспоставувајте контакт со возилата или со персоналот во нив и причекајте на местото да стигнат професионалци“.

Стратегија на нулта толеранција на корона

Кина, земјата во која Ковид-19 се појави кон крајот на 2019 година, има стратегија на нулта толеранција кон вирусот, а ист пристап ќе биде применет и за ЗОИ, кои се одржуваат меѓу 4 и 20 февруари.

Во следните недели во Пекинг треба да пристигнат 3.000 спортисти, а и тие ќе останат одвоени од јавноста во текот на натпреварувањето.

Сите кои пристигнуваат во кина треба да се потполно вакцинирани или да поминат 21 ден во карантин, а сите учесници ќе бидат тестирани секој ден и мора цело време да носат маски.