Бугарскиот спикер позитивен на Ковид-19, доведена во прашање посетата на Петков на Македонија


Фото: БГ Нес

Претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев е позитивен на корона вирус. Од парламентот појаснуваат дека тој се почувствувал лошо по состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот на државата, што траел речиси шест часа, јави Нова ТВ.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, откако се почуствувал лошо Минчев направил тест. Во следните денови тој ќе учествува на седниците на 47. Народно собрание на Бугарија од далечина, по електронски пат, со почитување на правилата усвоени од Собранието.

Бугарските медиуми јавија дека Минчев и другите учесници во Консултативниот совет за национална безбедност ќе бидат во карантин 10 дена, што, според нив, ја доведува во прашање посетата на премиерот Кирил Петков на 18 јануари на Скопје.