Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија


Поранешниот бугарски премиер,  Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат“, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно. -Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија, рече Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа …

Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија Read More »

Пенов на местото на Милевски како министер за локална самоуправа


Либерално демократската партија ЛДП официјално го предложи поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов, за нов министер за локална самоуправа, откако досегашниот лидер на партијата и министер, Горан Милевски, поднесе оставка на функцијата. – ЛДП се заблагодарува на успешната работа на Милевски и го предложува Пенов за нов министер за локална самоуправа. Централниот одбор на ЛДП …

Пенов на местото на Милевски како министер за локална самоуправа Read More »

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари


„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. – Пред сè, Русија има намера да разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите, доколку за тоа имаат интерес САД, Украина и Полска, посочи тој. – Вакви …

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари Read More »

Идентификувано телото на 22-годишниот Рамадани, кој падна со автомобил во Вардар


Откако безживотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино, семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани. Тоа е 22-годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино. -По наоѓање на телото, извршена е идентификација …

Идентификувано телото на 22-годишниот Рамадани, кој падна со автомобил во Вардар Read More »

Син во Сараево си го запалил таткото


Денеска во болница почина лицето што вчера било запалено од страна на својот син во сараевската населба Буќа Поток. Неговиот син Ј.Е. (35) е уапсен синоќа, неколку часа откако избегал од местото на настанот, пренесува Klix.ba. Таткото, кој се здобил со изгореници на повеќе од 70 отсто од телото, бил однесен на одделот за пластична …

Син во Сараево си го запалил таткото Read More »

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија согласно европските правила


 Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и дека е подготвена да го зголеми својот извоз во Република Северна Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси, јавува дописникот на МИА од Софија. Радев изјави …

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија согласно европските правила Read More »

Трас критикувана за нејзиниот „план за раст“: Требаше подобро да го подготвам теренот


Британската премиерка Лиз Трас денеска се обиде да ја смири својата партија и јавноста, изјавувајќи дека требало да стори повеќе за подобро „да го подготви теренот“ во обид да ја минимизира реакцијата на пазарот поради која фунтата падна на рекордно ниско ниво и се зголемија трошоците за задолжување на владата. На првиот ден од годишната …

Трас критикувана за нејзиниот „план за раст“: Требаше подобро да го подготвам теренот Read More »

Германија го слави обединувањето


  На Денот на единството во понеделник ќе се одбележат 32 години од обединувањето на Источна и Западна Германија по падот на Берлинскиот ѕид. Оваа година, тридневен фестивал во градот Ерфурт се одржува во сенка на војната во Украина и енергетската криза. Во тек е тридневната прослава „Денот на единството“ која започна во саботата во …

Германија го слави обединувањето Read More »

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон


На осумнаесеттото издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши …

Киплагат и Черотич победници на Скопскиот маратон Read More »

„Гаспром“ го запре протокот на гас за Италија


Италијанската енергетска компанија ENI соопшти дека од денеска е запрен протокот на гас од руската енергетска компанија Гаспром. „Гаспром изјави дека не може да го испорача бараното количество гас за денеска. Наведе дека протокот на гас низ Австрија не е можен. Затоа, руската испорака на ENI преку влезната точка во Тарвизио денеска ќе биде 0“, …

„Гаспром“ го запре протокот на гас за Италија Read More »

Светските берзи драстично паѓаат


На светските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела, третпат по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека агресивните зголемувања на каматните стапки од страна на централните банки за да се ограничи инфлацијата ќе предизвика рецесија. На Волстрит, Dow Jones падна за 2,9 отсто минатата недела, на 28.725 поени, а S&P 500 се лизна за исто …

Светските берзи драстично паѓаат Read More »

Од утре почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловите награди


Со објавување на имињата на лауреатите за медицина, утре почнува годинашната сезона на добитници на Нобеловите награди. Традиционално најголемо внимание привлекуваат наградите за мир и литература. Според традицијата, името на добитникот на Нобеловата награда за медицина ќе биде објавено утре, во вторник за физика, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок …

Од утре почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловите награди Read More »

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија


Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 66. Конгрес што се одржува во германскиот главен град Берлин, едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство во Албанија  предложена од македонското друштво „Илинден“-Тирана, информираше за МИА, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај. -За Резолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта …

ФУЕН изгласа Резолуција за правата на Македонците во Република Албанија Read More »

Поради временските прилики kонцертот на Каролина Гочева ќе се одржи денеска


Скопје Сити Мол овој викенд слави 10 години и со голема роденденска прослава и огромни попусти како што и доликува на најомилениот трговски центар во главниот град, Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје Сити Мол ги слави првите 10 години од своето …

Поради временските прилики kонцертот на Каролина Гочева ќе се одржи денеска Read More »

Путин наредил повлекување: Ќе употреби ли нуклеарно оружје?


  Институт за проучување на војната, американскиот истражувачки центар, соопшти руската војска дека готово сигурно не може да делува на нуклеарното бојно поле. „Хаотичното трупање на исцрпените војници, на брзина мобилизирани резервисти, регрути и платеници, кои во моментот се дел од копнените сили не би можеле да функционираат во нуклеарното окружување“, велат аналитичарите на ИСВ, …

Путин наредил повлекување: Ќе употреби ли нуклеарно оружје? Read More »

Осмиот Фестивал на европската литература „BookStar“ од утре до 5 октомври


Под мотото „Храбри нови зборови“ / Brave new wor(l)ds“, од утре до 5 октомври ќе се одржува осмиот Фестивал на европската литература „BookStar“ што го органзиира издавачката куќа „Антолог“. Оттаму најавија дека годинава ќе бидат претставени исклучителни европски и домашни автори, кои ќе учествуваат на десетина книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање, предавање. …

Осмиот Фестивал на европската литература „BookStar“ од утре до 5 октомври Read More »

Заедничка изјава на Пендаровски и претседатели на НАТО земји-членки за руската одлука за анексија на украински територии


Претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, дадоа заедничка пишана изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии во која повторно изразуваат поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. -Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа …

Заедничка изјава на Пендаровски и претседатели на НАТО земји-членки за руската одлука за анексија на украински територии Read More »

Бразил денеска избира нов претседател


По жестоката изборна кампања, Бразилците денеска излегуваат на гласање за да изберат нов претседател, а главни претседателски кандидати се актуелниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро, и левичарскиот поранешен претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој беше на власт од 2003 до 2010 година. Анкетите му даваат јасна предност на Лула, но Болсонаро претходно изрази сомневање за …

Бразил денеска избира нов претседател Read More »

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност


Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем. Ова беше посочено од гувернерката …

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност Read More »

Навивачите влегоа на терен по фудбалски натпревар во Индонезија, загинаа најмалку 174 луѓе


Бројот на загинати во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија се искачи на 174, од кои повеќето беа прегазени до смрт откако полицијата употреби солзавец за да ги разбие немирите во саботата, што го прави еден од најсмртоносните спортски настани во светот. Немирите избувнаа откако натпреварот заврши во саботата навечер кога домаќинот Арема ФК од …

Навивачите влегоа на терен по фудбалски натпревар во Индонезија, загинаа најмалку 174 луѓе Read More »