Путин наредил повлекување: Ќе употреби ли нуклеарно оружје?


 

Институт за проучување на војната, американскиот истражувачки центар, соопшти руската војска дека готово сигурно не може да делува на нуклеарното бојно поле.

„Хаотичното трупање на исцрпените војници, на брзина мобилизирани резервисти, регрути и платеници, кои во моментот се дел од копнените сили не би можеле да функционираат во нуклеарното окружување“, велат аналитичарите на ИСВ, пренесе Ројтерс.

Сите области покриени со руско тактичко нуклеарно оружје би биле неопходни за Русите, што веројатно би го спречило руското напредување.

Успесите на Украина на бојното поле ги разбеснија Путиновите сојузници, како Рамазан Кадирот, лидерот на рускиот јужен регион Чеченија, кој рече дека верува оти Москва треба да преземе „драстични мерки“, вклучително „употреба на нуклеарно оружје со низок учинок“.

„Путин речиси сигурно нареди повлекување од Лиман“

Други високи функционери, меѓу кои и поранешниот претседател Дмитри Медведев, сугерираа дека Русија можеби ќе мора да прибегне кон нуклеарно оружје.

Повлекувањето на Рсуите од Лиман укажува дека Путин дава приоритет на окупираните територии на југот на Украина, се наведува понатаму во извештајот на ИСВ. Одлуката да не се зајакнуваат ранливите линии на фронтот Купјанск или Лиман речиси сигурно била Путинова, а не воена команда, се наведува во соопштенито.

„На Путин многу повеќе му е до држењето на стратежки важниот терен на Херсонската област и Запорожје отколку на Луганск“, велат од ИСВ.