„Гаспром“ го запре протокот на гас за Италија


Италијанската енергетска компанија ENI соопшти дека од денеска е запрен протокот на гас од руската енергетска компанија Гаспром.

„Гаспром изјави дека не може да го испорача бараното количество гас за денеска. Наведе дека протокот на гас низ Австрија не е можен. Затоа, руската испорака на ENI преку влезната точка во Тарвизио денеска ќе биде 0“, се вели во соопштението..

Во интервју за италијанската агенција ANSA на оваа тема, неименуван функционер на ENI рече дека од денеска Гаспром не може да обезбеди проток на гас до ENI и изјави дека Австрија испорачува гас преку Словачка. Тој додаде дека се во контакт со Гаспром за да се врати протокот на гас.

Италијанските медиуми јавуваат дека протокот на гас од Русија во Италија во моментов е помалку од десет отсто од вкупното снабдување со гас и дека прекинот на претоварната точка во Тарвизо нема да предизвика голема промена на ситуацијата.