Син во Сараево си го запалил таткото


Денеска во болница почина лицето што вчера било запалено од страна на својот син во сараевската населба Буќа Поток. Неговиот син Ј.Е. (35) е уапсен синоќа, неколку часа откако избегал од местото на настанот, пренесува Klix.ba.

Таткото, кој се здобил со изгореници на повеќе од 70 отсто од телото, бил однесен на одделот за пластична хирургија на Универзитетскиот клинички центар во Сараево. Докторите се бореле за неговиот живот, но сепак имал мали шанси да преживее. На крајот тој почина.

Напаѓачот и бил познат на полицијата од претходно

Напаѓачот веќе и бил познат на полицијата, а по апсењето бил приведен во службените простории на Полициското одделение на МУП на кантонот Сараево.

Полицијата ги истражува околностите на случајот, по што уапсениот ќе го предаде на надлежното обвинителство кое во рок од 24 часа од предавањето треба да одлучи за притвор.