(Во живо) По состанокот на Скопскиот плански регион за состојбата со хигиената
Седница на Советот на Скопскиот плански регион за состојбата со хигиената во Скопје.
Седница на Советот на Скопскиот плански регион за состојбата со хигиената во Скопје.
Македонскиот ракомет, утрово е потресен од тажна вест – починал 19-годишниот Андреј Петрески кој беше член на РК Аеродром. Петрески, според информациите, починал во својот дом, неочекувано останувајќи ги во шок неговите најблиски и соиграчите од клубот каде што настапуваше од најрана возраст. Петрески беше дел од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред …
Актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев победи на претседателските избори одржани во неделата, соопшти денеска тамошната изборна комисија. Според првичните резултати, Мирзиоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто. Како што пренесуваат странските агенции, немаше дилема за победата на Мирзиоев на изборите, кој беше во трка со уште тројца …
Шавкат Мирзиоев повторно избран за претседател на Узбекистан Read More »
Полската агенција за внатрешна безбедност уапси Украинец, уште еден член на расформираната шпионска група, кој им предавал информации за воените објекти и поморските пристаништа во Полска на руските разузнавачки агенции, соопшти денеска полскиот министер за внатрешни работи и администрација Мариуш Камињски. Украинскиот државјанин бил во Полска од 2019 година, а беше уапсен на 21 јуни …
Во Полска уапсен Украинец поради шпионирање за Русија Read More »
Општина Центар рано наутро започна со чистење на сметот низ општината. Во акцијата се вклучија речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го водеше стартот на акцијата. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и …
Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите Read More »
Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во …
Штипјани на помош на скопјани: Со два камиони на „Исар“ се собираше ѓубрето во Аеродром Read More »
Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје преку соопштение информира дека општините Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано договор со нив и оти нивниот договор е истечен во март годинава. – Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа …
Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.
Од доцна синоќа во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на бегалци и мигранти во близина на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за група од околу 100 лица, кои се наоѓаат на карпестиот брег каде што пристигнале од едрилица.
Малата Ангелина успеа да се избори со страшната болест со помош на медицинскиот персонал од Детската клиника. Пред десетина дена храбрата Ангелина ја израдува целата јавност – таа е уште едно детенце кое успешно ја избори битката и ја победи болеста. Таа на 28 јуни заѕвони на ѕвончето од Детската клиника што значи крај …
Кога станува збор за туризмот, најчесто се пишува кои се најпосетуваните земји во светот. Сепак, ви ги претставуваме најнепосетените земји во светот. Според статистичките податоци, 30 отсто од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји кои се најпосетувани земји во светот: Франција (90 милиони), Шпанија (83,7 милиони), САД (79,3 милиони), Кина (65,7 милиони), Италија (64,5 …
Најнепосетуваните земји во светот – туристите ги избегнуваат Read More »
Според Асоцијацијата за психолошки науки, постои врска помеѓу кршењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетот во адолесценцијата и високата заработка во кариерата подоцна во животот. Дали е вистина тогаш дека немирните и непослушни деца се всушност вистински мали генијалци? Одличен пример за тоа е примерот на Бил Гејтс. Кога имал 11 години почнал да …
И Бил Гејтс бил таков: Карактерна особина кај децата – показател за успешен човек Read More »
Неименуван Американец-тинејџер е новиот миленик на интернет, откако раскажа како од неодамна живее на улица. Имено, тој бил исфрлен од страна на неговата мајка, на својот 18-ти роденден. Видеоснимката со момчето кое ја споделува својата приказна на Тикток-страницата @homesforhomeless, ги погоди гледачите и тие општо ја осудуваат мајка му и сите други престроги родители кои …
Тинејџер од САД станал бездомник откако бил исфрлен од дома токму на 18. роденден Read More »
Иако претходно се жалеа на високите сметки за струја поради фрижидерите, сепак, голем дел од сопствениците на колонијали и на продавници ширум Скопје изнајдоа начин како на потрошувачите да им продаваат ладни пијалаци во текот на летото. Не, тие не измислија „топла вода“, туку само почнаа да ја наплаќаат работата на фрижидерите во кои се …
За да се гарантира безбедноста и спокојството на туристите за време на туристичката сезона, на крајбрежјето и други туристички места, ангажирани се над 1.700 полициски службеници, соопшти албанската државна полиција. – Над 1.700 полициски службеници и припадници на полициската единица за морска пловидба, добро опремени и обучени, од почетокот на овој месец ангажирани се да …
За безбедноста на туристите се грижат над 1.700 албански полициски службеници Read More »
Голем пожар избувна во термалниот парк AquaLuna во словенечкиот град Подчетртек, недалеку од границата со Хрватска. Како што објави читател за порталот 24сата.хр, на терен има десетици противпожарни возила, а се шпекулира дека дошло до експлозија во кујната. Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, пожарот речиси целосно зафатил една …
Огромен пожар избувна во аква парк: Имаше експлозија во кујната? (видео) Read More »
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испратат касетна муниција во земјата. Во објава на Твитер, Резников рече: „Новото оружје значително ќе ни помогне да ги деокупираме нашите територии, истовремено спасувајќи ги животите на украинските војници“. Тој рече дека муницијата „нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“. …
Украина ќе користи касетни бомби само за деокупација на нејзините територии Read More »
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Куманово денеска ги лишиле од слобода Б.П.(29), Г.М.(42) и М.К.(24), сите од Куманово. Како што соопшти МВР, при претреси на повеќе локации во градот, во домови и други простории што ги користат лишените, извршени со судска наредба, кај нив биле пронајдени хероин, амфетамини, таблетки екстази, пари …
Претреси во Куманово, пронајдена дрога и поголем износ пари, приведени три лица Read More »
Освојувачот на Европскиот куп од 2022, Бенфика, се пофали со потписот на македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој минатата сезона беше ракометар на Вардар. 27-годишниот Талески претходно играше и во Рајн-Некар Левен и Балинген во Германија, додека негов прв клуб во Македонија беше Металург. „Презадоволен сум што пристигнувам во Бенфика. Ова е голем клуб и голем град. …
Едгарс Ринкевичс денеска во Рига положи заклетва како претседател на Латвија. Тој од 2011 година ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи. Со тоа Латвија го доби првиот геј претседател. Ринкевичс (49) првпат призна дека е геј во 2014 година и оттогаш се залага за ЛГБТ правата. Хомосексуалните бракови во Летонија се нелегални, иако Уставниот …