Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром


Македонскиот ракомет, утрово е потресен од тажна вест – починал 19-годишниот Андреј Петрески кој беше член на РК Аеродром.

Петрески, според информациите, починал во својот дом, неочекувано останувајќи ги во шок неговите најблиски и соиграчите од клубот каде што настапуваше од најрана возраст.

Петрески беше дел од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Попладнево од 12.30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески. Погребот,, ќе биде на гробиштата во Камник.