И Бил Гејтс бил таков: Карактерна особина кај децата – показател за успешен човек


Според Асоцијацијата за психолошки науки, постои врска помеѓу кршењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетот во адолесценцијата и високата заработка во кариерата подоцна во животот. Дали е вистина тогаш дека немирните и непослушни деца се всушност вистински мали генијалци?

Одличен пример за тоа е примерот на Бил Гејтс. Кога имал 11 години почнал да им прави проблеми на родителите. Како што растел неговиот интелектуален капацитет, така растеле и неговите аргументи за сè. Тој одбивал да прави работи кои неговата мајка ги барала од него, како што се чистењето на собата или доаѓањето на вечера. Бил во расправии со неговите родители за тоа кој ќе ја има контролата. Адолесцентното однесување на Гејтс веројатно и многумина од нас го имаме поминато, тие слични фази на бунт – но сепак не сме станале мултимилионери.

Меѓутоа, уште во далечната 1968 година, околу 3000 основци од Луксембург направиле тест за интелигенција и дале одговори за своите чувства поврзани со училиштето. Нивните наставници, исто така пополнувале прашалници за однесувањето на нивните ученици. Подоцна, истражувачите ги проценувале и семејствата на студентите, исто така. Потоа, во 2008 година, истражувачите се навратиле на податоците за да видат кои особини од детството може да го предвидат успехот во кариерата и заработката.


Морале да стапат во контакт со тие 745 ученици, кои сега имале 52 години. Психолозите биле изненадени од резултатите. Имено, освен стандардните карактеристики – коефициентот на интелигенција, социо-економскиот статус на родителите и постигнатото образование, она што ист така било предуслов за понатамошна висока заработувачка – било кршењето на правилата и пркосното однесување кон авторитетот.

Сè уште не е јасно зошто кршењето на правилата се покажало како позитивна карактеристика. Истражувачите изјавиле дека е можно таквите луѓе да се посклони да се залагаат за себеси, што може да доведе до подобра финансиска состојба. „Доколку 90% од присутните на деловниот состанок гласаат за еден од предлозите, јас ќе го отфрлам. Причината е многу едноставна: ако сите присутни гледаат можност во некоја идеја, тогаш голема е веројатноста и другите компании веќе да работат на истата идеја и да не можеме да си го трасираме патот на тоа поле“, изјавил Џек Ма, основачот на „Алибаба“.

Во меѓувреме, други студии покажале слични наоди: Една истражување покажало дека оние кои се согласуваат речиси со сè, заработуваат помалку пари од оние кои често не се согласуваат со нешто.


И Стив Џобс и Ингвар Кампрад (директор на Икеа), често не се согласувале со мнозинството, што дополнително ги навело да ризикуваат, но и да го отфрлат тоа што тие мислеле дека не е во нивен интерес.

Се разбира, ова истражување не треба да ги охрабрува децата, да речеме, да одбиваат да одат на училиште, но ако забележите одредена доза пркос кај нив, тенденција да преиспитуваат некои правила, да се спротивставуваат и да се залагаат за себеси, можеби тоа не се лоши особини. Можеби баш тоа треба да го негувате кај нив.