Штипјани на помош на скопјани: Со два камиони на „Исар“ се собираше ѓубрето во Аеродром


Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во неговата општина.

Јорданов посочува дека не било дозволено камионите сметот да го депонираат на депонијата „Дрисла“, па на враќање го имаат истоварено на депонијата во Велес.

Екипите на ЈП „Исар“се вратија во текот на ноќта.