Без вода дел од Визбегово, индустриската зона и центарот за дијализа


Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“.

Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.