Огромен пожар избувна во аква парк: Имаше експлозија во кујната? (видео)


 Голем пожар избувна во термалниот парк AquaLuna во словенечкиот град Подчетртек, недалеку од границата со Хрватска.

Како што објави читател за порталот 24сата.хр, на терен има десетици противпожарни возила, а се шпекулира дека дошло до експлозија во кујната.

Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, пожарот речиси целосно зафатил една од зградите во паркот, а над зградата се издига густ црн чад.