Филип Талески потпиша за Бенфика


Освојувачот на Европскиот куп од 2022, Бенфика, се пофали со потписот на македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој минатата сезона беше ракометар на Вардар.

27-годишниот Талески претходно играше и во Рајн-Некар Левен и Балинген во Германија, додека негов прв клуб во Македонија беше Металург.

„Презадоволен сум што пристигнувам во Бенфика. Ова е голем клуб и голем град. Зборував со Никола Митревски и со Борко Ристовски, кои ми ги дадоа потребните информации за Бенфика“, изјави Талески.