МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост


Министерството за здравство информира дека интензивно се работи на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година. Согласно регулативата на Министерството, определено е дека објектот за вршење здравствена дејност треба да обезбеди хоризонтална и вертикална комуникација за движење на инвалидски колички, како и соодветни критериуми во однос на широчината и височината на …

МЗ: Работиме на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост Read More »

Дебарската ТППЕ доби заштитна, огноотпорна опрема за пожарникарите


Дебарската територијална противпожарна единица вчера доби опрема за заштитата на животот на пожарникарите при интервенции. Опремата на командирот Џетан Мифтароски му ја предаде градоначалникот Хекуран Дука, кој рече дека станува збор за значаен проект вреден 10.000 евра, добиен од Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). Дебарската ТППЕ доби заштитна, огноотпорна опрема за пожарникарите -Средствата …

Дебарската ТППЕ доби заштитна, огноотпорна опрема за пожарникарите Read More »

До вторник стабилно, а потоа дожд и снег


 До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места, соопшти УХМР. Врнежите ќе престануваат во четврток …

До вторник стабилно, а потоа дожд и снег Read More »

Маричиќ: До 2030 можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки


Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од Европската Унија многу порано од предвиденото. До 2030 година можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки и до тогаш можно е да се реформираат нашите држави за да бидат подготвени за членство. Битно е да имаме цел, …

Маричиќ: До 2030 можно е да се реформираат некои правила во ЕУ за да се примат нови членки Read More »

Снежно невреме во Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5 метар


 Снежно невреме во текот на ноќта и утринава предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде наврнаа метар и пол снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри. Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, …

Снежно невреме во Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5 метар Read More »

Дозволена употреба на дизел во кој нема нафта


Старото масло за јадење одамна се додава во дизел горивата, а новина е што бензинските пумпи одсега ќе може да продаваат таканаречени горива без минерални масла. Во иднина, возачите во Германија ќе можат да полнат дизел гориво направено од 100 проценти искористено масло за јадење, како што е она од Phyteze. Таканаречените парафински дизел горива …

Дозволена употреба на дизел во кој нема нафта Read More »

Наредена евакуација во Газа, војната би можела да трае 10 години


Во тек е 58 ден од војната меѓу Израел и Хамас. Најмлаку 13 цивили, меѓу кои деца и жени, загинаа ноќеска, а поголем број луѓе се повредени во низа израелски воздушни удари на повеќе станбени објекти во бегалскиот камп Нусеират. Израел нареди евакуација околу Кан Јунис Израелската војска денеска издаде наредба за евакуација на повеќе …

Наредена евакуација во Газа, војната би можела да трае 10 години Read More »

КОП28: Како да се заштити здравјето на луѓето од последиците на климатските промени


На климатскиот самит КОП28 во Дубаи, за првпат фокусот е на тоа како климатските промени го влошуваат здравјето на населението, вклучително топлотен удар, оштетување на белите дробови од чад од шумски пожари и ширење на болести кои ги пренесуваат комарци во нови региони поради порастот на температурата. Се очекува на самитот да се разговара за …

КОП28: Како да се заштити здравјето на луѓето од последиците на климатските промени Read More »

Штрајк ги сопре возовите во Франција


Вчерашниот штрајк на француските железничари го прекина железничкиот сообраќај низ цела Франција, објави BFMTV. Возовите на северот на Франција не сообраќаа на релација Кале-Данкерк, додека железничкиот сообраќај во Нормандија беше ограничен на линиите Париз-Трувил и Авр-Фекан, како и од насоката Рајна. Една четвртина од возовите се запрени на југоистокот на земјата. Штрајкот го зафати и …

Штрајк ги сопре возовите во Франција Read More »

Лидл повлекува божиќен производ: „Претставува ризик по здравјето“


Хрватската агенција за земјоделство и храна во саботата објави дека државниот инспекторат го повлекол производот „Адвент календар 75гр“. Причината за отповикувањето е затоа што производителот не го навел алергенот кикиритки на декларацијата. Производител на „Advent Calendar 75g“ со артикл броеви 5512509 и 5512510 е KDC Pomorzanka од Полска. Со оглед на тоа што на производот …

Лидл повлекува божиќен производ: „Претставува ризик по здравјето“ Read More »

Арсовска на Самитот COP28 ја презентираше биотехнолошката лабораторија на Град Скопје


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е учесник на Самитот COP28, кој се одржува во Обединетите Арапски Емирати, а во чии рамки светските лидери се состануваат за градење политики за климатските промени. Арсовска е дел од групата градоначалници, кои се учесници на грантовата програма на COP28 Локалниот самит за климатски активности, каде Град Скопје е …

Арсовска на Самитот COP28 ја презентираше биотехнолошката лабораторија на Град Скопје Read More »

Велика Британија испраќа авиони над Газа, ќе се обидат да ги лоцираат заложниците


Велика Британија ќе му помогне на Израел да бара заложници на Хамас во Појасот Газа, објави британската влада. „Како поддршка на активностите за спасување заложници, Министерството за одбрана на ОК ќе спроведе воздушни патроли над источниот Медитеран, вклучително и операции во воздушниот простор над Израел и Газа“, соопшти вчера вечерта британската влада. Претставници на Министерството …

Велика Британија испраќа авиони над Газа, ќе се обидат да ги лоцираат заложниците Read More »

Апасиев реизбран за претседател на Левица


Президиумот на Левица, едногласно го реизбра Димитар Апасиев за старо-нов претседател на партијата. Јована Мојсоска е назначена за Генерален секретар на Левица. Вториот Пленум на партијата се одржа во текот на вчерашниот ден, а делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки. На оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна


На 02.12.2023 во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш. Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска …

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна Read More »

Балкански картел најактивен во Европа: Шпанија им заплени 415 кг кокаин


 Шпанската национална полиција во заедничка акција со цариниците во јужното пристаниште Алгесирас заплени речиси еден тон кокаин скриен во контејнери доставени од Јужна Америка, а дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, соопшти полицијата на својата веб-страница. – Балканскиот картел во моментов е најактивен на европско ниво, се наведува во соопштението. Полицијата тврди дека латиноамериканските групи …

Балкански картел најактивен во Европа: Шпанија им заплени 415 кг кокаин Read More »

Германија го менува системот за боледување


Германија планира од 7 декември да воведе нова регулатива која од темел ќе го промени досегашниот систем на издавање потврди за привремена спреченост за работа, односно за боледување, јавија локалните медиуми. Тоа е веќе позната мерка од најсилната фаза на пандемијата на коронавирусот: отворање боледување по телефон. Оваа практика, која требаше да биде укината со …

Германија го менува системот за боледување Read More »

Во Црна Гора започна пописот на населението и домаќинствата


Денеска, по две одложувања, почна пописот на населението и домаќинствата во Црна Гора. Како што соопштија од Монстат, од рано изутрина на терен ќе бидат попишувачи на Дирекцијата за статистика. Попишувачите во наредните денови ќе бидат на терен од 8 до 20 часот. Планирано е пописот да трае 15 дена, но можно е тој да …

Во Црна Гора започна пописот на населението и домаќинствата Read More »

Финците ја напуштаат земјата: „Оваа земја нуди безбедност“


Ако зборуваме за висок стандард, но и квалитетно воспитување деца и создавање семејство – Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји. Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска. Во исто време, не само Балканот и …

Финците ја напуштаат земјата: „Оваа земја нуди безбедност“ Read More »

Со „трипл-дабл“ ефект Трајковски го поведе Феникс кон нов триумф против Работнички


Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски викендов го предводеше Феникс до гостинска победа над Работнички со 87:79.   Трајковски натпреварот го заврши со 12 поени, 13 скока и 10 асистенции. Најефикасен кај Феникс беше Џонс со 20 поени.   Кај Работнички најмногу поени – 21 постигна Рикиќ. На другите пет натпревари од 10.коло во Првата кошаркарска …

Со „трипл-дабл“ ефект Трајковски го поведе Феникс кон нов триумф против Работнички Read More »

Силуван малолетник во скопски Центар


Деца силувале дете во Скопје, а таткото на момчето пријавил во полиција. Имрно, маж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син …

Силуван малолетник во скопски Центар Read More »