Пендаровски ги посети транзитниот центар „Винојуг“ и припадниците на Армијата во Млаз Богданци


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и нивниот третман.

Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, шефот на државата го посети семејното катче каде што се врши едукација на мигрантите и беше информиран за тековните активности во однос на нивната психо-социјална заштита и ментално здравје. Во разговорот со дел од лицата коишто ги користат овие услуги, претседателот беше запознаен со нивните лични приказни и сведоштва, како и со досегашните искуства од престојот во земјата.

Во разговор со претставници на надлежните институции, претседателот Пендаровски беше информиран за капацитетите на транзитниот центар, како и за целокупната состојба на јужната граница, имајќи предвид дека таму на сила е одлуката за постоење кризна состојба.

– Истовремено, беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и без позначителни промени во однос на изминатиот период. Од почетокот на годинава, во земјава се регистрирани речиси 10 илјади мигранти, главно од Сирија, Мароко, Авганистан и Пакистан. Соговорниците ја нагласија потребата од натамошно зајакнување на заедничкиот пристап на засегнатите земји, поддршка во јакнењето на националните капацитети, но и соработка со земјите на потекло на овие лица, се вели во соопштението.

 

При посетата на „Винојуг“, претседателот Пендаровски разговараше и со претставници на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), водечка агенција на Обединетите Нации за миграција. Тие го запознаа со нивните тековни активности во насока на соодветен третман на мигрантите, меѓународната соработка, изнаоѓање практични решенија за миграциските предизвици и хуманитарна помош.

Претседателот Пендаровски попладнево ги посети и припадниците на Армијата кои се сместени во објектот во Млаз Богданци. Во разговор со нив, војниците и старешините го запознаа со нивните активности и ангажманот при справувањето со нелегалните премини на нашата јужна граница.