Непријатна миризба се шири во населбата Лисиче – никој не знае од каде


Лисиче (Фото: Б. Богдановска-
Општинските служби постапуваат по реакциите на граѓаните за непријатна миризба која се шири во населбата Лисиче, соопштија од Аеродром.
 
Инспекциските служби на Општина Аеродром заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и Канализација“ преземаат активности за утврдување причината за непријатната миризба која се шири во населбата Лисиче. При проверките констатирано е дека миризбата се шири од линијата која ги поврзува улиците „Црноризец храбар“, „Митре Влаот“ и „Арх. Сотир Томовски“. Од страна на јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ обезбедена е цистерна со која се врши испирање на линијата. Проверка е направена и во основното училиште „Димитар Македонски“ и детската градинка „Пчелка 2“ и околните шахти при што констатирано е тие не се извор на миризбата.
 
Активно се следи состојбата на терен во насока на детектирање на изворот и причината на миризбата која доаѓа од канализација и по лоцирањето на сторителот против него ќе биде изречена соодветна санкција.