Распродадени влезниците за кошаркарскиот фајналфор во Берлин


Влезниците за овосезонскиот фајналфор во кошаркарската Евролига во Берлин се распродадени, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.

Како што е наведено, влезниците кои беа во претпродажба биле распродадени за еден час во понеделникот, а влезниците кои беа пуштени во слободна продажба за помалку од четири часа ова претпладне.

Фајнлфорот е на програмата од 24 до 26 мај во Берлин во Мерцедес – Бенз Арена со капацитет од 14.500 седишта.

Полуфиналните дуели ќе се играат на 24 мај од 18 и 21 часот, а натпреварот за третото место и финалето два дена подоцна од 17 и 20 часот.