Украл автомобил со дете во Загреб, таткото трчал по него


Драматичен настан се случил вчера околу 17 часот  во Загреб, Хрватска, а предизвика шок кај минувачите. Еден маж, видно вознемирен, истрчал по патот извикувајќи „Застани, застани!“, додека една жена трчала по него, молејќи ги минувачите да повикаат полиција.

Што се случило раскажал соговорникот на Danas.hr, кој бил сведок на овој настан.

„Сите се исплашивме кога ги видовме. Набрзо дознавме дека автомобилот на човекот бил украден со дете внатре“, рекла таа и додала дека сите биле шокирани кога виделе дека во украдениот автомобил има и дете.

Имено, мажот го оставил автомобилот пред пекарница со запалени трепчачи,  а крадецот ја искористил приликата и го украл возилото не знаејќи дека на задното седиште има дете.

Од полицијата потврдија дека добиле пријава за настанот и дека ги утврдуваат сите околности.

Според неофицијални информации на Danas.hr, автомобилот бил пронајден на околу петстотини метри од пекарницата, а крадецот успеал да избега од местото на настанот. Детето останало во автомобилот.