Промоција на книгата „Живот во кутија“ од Томислав Кежаровски


„Живот во кутија“ е насловена првата книга на новинарот Томислав Кежаровски, која ќе биде промовирана вечер од 18 часот на универзитетот ФОН. – Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви и онакви, нема наши и ваши. Неправдата …

Промоција на книгата „Живот во кутија“ од Томислав Кежаровски Read More »

Вицепремиерот Анѓушев го претстави Планот за економски раст пред претставници на Светска банка


Мерките од Планот за економски раст нудат силна финансиска поддршка за фирмите што се ориентирани кон резултати, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешните средби во Вашингтон со Стефани фон Фриедебург, главен директор за информации и потпретседател на групацијата Светска банка и Џон Панцер, директор за макроекономија и фискално управување во Светска банка. …

Вицепремиерот Анѓушев го претстави Планот за економски раст пред претставници на Светска банка Read More »

НБРМ: Постојната монетарна поставеност засега соодветна, ризиците сеуште постојат


Постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици, укажуваат на тоа дека постојната монетарна поставеност засега е соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај тековната сметка на билансот на плаќања, генерално е во рамки на очекувањата и покажува задржување здрави економски фундаменти. Ова беше заклучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна …

НБРМ: Постојната монетарна поставеност засега соодветна, ризиците сеуште постојат Read More »

Дождовите ќе ги зголемат водостоите


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) очекува врнежите од дожд што се предвидуваат и за наредните два дена да предизвикаат зголемување на водостојот и да ги наполнат речните корита на водотеците низ земјава. Во текот на денешниот ден врнежите од дожд беа најзастапени во западните и јужните делови од земјата. Според последните мерења од метеоролошките станици, …

Дождовите ќе ги зголемат водостоите Read More »

Продуцентот на серијата „Македонија“ вели дека нема што да кријат и сите информации ќе ги изнесат во јавност


Отворени сме за соработка и ќе ги доставиме сите документи и информации поврзани со нашата работа. Сакаме да упатиме реакција на изјавата на в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија кој информира на прес-конференција дека Јавното обвинителство покренало постапка за криминал во целиот проект и свесно ја изманипулира јавноста за целиот случај што покажува …

Продуцентот на серијата „Македонија“ вели дека нема што да кријат и сите информации ќе ги изнесат во јавност Read More »

Заев: Можна е владина реконструкција


Премиерот Зоран Заев изјави денеска дека можноста за владина реконструкција не е исклучена, доколку, како што рече, кандидатот за нов министер за здравство не е од редовите на Алијансата за Албанците. „Разговорите со коалициските партнери за избор на новиот министер за здравство се во тек и во опција се повеќе имиња. Реконструкција на Владата ќе …

Заев: Можна е владина реконструкција Read More »

Се снима филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски


Екипата која работи на филмот „Ефектот на среќа“ (The happiness effect) во режија на Борјан Зафировски, повеќе од две недели снима на различни локации низ Скопје и Охрид, а во моментов се работат сцени во студиото на „Fx3x“. Главните ликови ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат …

Се снима филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски Read More »

Наградени компаниите со најдобри општествени практики


Се зголемува бројот на компаниите во Македонија кои применуваат општествено одговорни практики, но тоа треба да стане општо прифатен стандард. Овој концепт на фирмите им донесе и профит и им ја зголемува конкурентноста, беше порачано денеска на доделувањето на 10.„Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година“ – Радува фактот што се повеќе …

Наградени компаниите со најдобри општествени практики Read More »

Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со претставници на КФВ банката, предводени од Кристоф Тискенс, директор за Југоисточна Европа и Турција, побарал дополнителна поддршка за проекти во локалната патна инфраструктура. – Министерството за транспорт и врски со КФВ банката досега има успешна соработка. Во таа насока, на денешниот состанок побарав дополнителна …

Сугарески бара дополнителна поддршка од КФВ банка за локална патна инфраструктура Read More »

Бројот на жртви се зголемува, најмалку 9 лица загинаа во поплавите во Грција


Најмалку девет лица загинаа во поплавите што го зафатија јужниот дел на Грција. Стариот пат од Атина до Коринт кај Неа Перамос утрово е претворен во река, и на него се заглавени повеќе автомобили. Грчката државна агенција АНА-МПА јави дека ситуацијата е слична и на новиот пат. Во тек е операција за извлекување на автомобилите и …

Бројот на жртви се зголемува, најмалку 9 лица загинаа во поплавите во Грција Read More »

Биљана Стојановска добитничка на книжевната награда „Тодор Чаловски“


Биљана Стојановска, поетеса, есеист, критичар и книжевен преведувач, ја доби наградата „Тодор Чаловски“, која Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ ја доделува на млад автор од Македонија во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми. Наградата, која се доделува трет пат и е востановена во сеќавање на писателот Тодор Чаловски (1945-2015), …

Биљана Стојановска добитничка на книжевната награда „Тодор Чаловски“ Read More »

Фармерите очекуваат зелената нафта да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата


Воведувањето на зелена нафта, чиј таргет се земјоделците, очекуваме да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за горивото како што предвидува Предлог-буџетот за 2018 година, велат од Федерацијата на фармери која од денеска е ребрендирана и преименувана во Национална федерација на фармери (НФФ). Секој дополнителен трошок и евентуално поскапување, нагласуваат, влијае врз земјоделството. – …

Фармерите очекуваат зелената нафта да го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата Read More »

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе им олеснува на извршителите да наплатaт од пензионерите


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија објави оглас за прибирање на понуди за изработка на софтвер за доградба на порталот е-Услуги на ФПИОМ за електронска размена на податоци со извршители. Според објавата на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 200.000 денари без ДДВ. Критериум за добивање на …

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе им олеснува на извршителите да наплатaт од пензионерите Read More »

Заев: Серија мерки за унапредување на македонскиот јазик


„Владата е искрено и силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ“, порача  денеска премиерот Зоран Заев, отварајжи ја вторатата Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“, во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје. „Подготвени сме …

Заев: Серија мерки за унапредување на македонскиот јазик Read More »

Законот за јазиците ја помина првата фаза


Со 66 гласа „за“ и 41 „против“, Собранието го изгласа попладнево законот за употреба на јазиците, во прва фаза, односно ја утврди потребата за негово донесување. Со тоа, законот, кој е дел од коалицискиот договор меѓу владечачките СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, влегува во финалната фаза од собраниската процедура, кога пратениците ќе можат да …

Законот за јазиците ја помина првата фаза Read More »

Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна, се очекуваат нови вработувања


Економската состојба на компаниите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември и во однос на октомври лани, а се очекува и зголемување на бројот на вработени во овој сектор. Државниот завод за статистика денеска објави дека поповолна е состојбата со обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември, …

Економската состојба во преработувачката индустрија поповолна, се очекуваат нови вработувања Read More »

Судењето за „Триста“ се одложи, Фетаи не се откажува


„Ако некој сторил кривично дело ќе го гонам, па дури и ако е  на смртна постела“, рече специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, откако обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР не се појави на денешното судско рочиште по предметот „Триста“. Судењето е одложено за 21 ноември, а Фетаи рече дека не и верува на одбраната,  …

Судењето за „Триста“ се одложи, Фетаи не се откажува Read More »

Анѓушев: Претходната влада потроши повеќе за роуд шоуа отколку за помош на компаниите


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев за МИА изјави дека Владата ја напушта праксата на нетранспаретност и неотчетност во привлекување на директни странските инвестиции во земјата и дека ќе воведе економски аташеа како составен дел од амбасадите во земјите кои се традиционални партнери на Македонија. На маргините на Трансатлантскиот форум за економска соработка што …

Анѓушев: Претходната влада потроши повеќе за роуд шоуа отколку за помош на компаниите Read More »

Индекс на дарежливост: Колку се дарежливи Македонците


Македонија се наоѓа на 64. место според Индексот за дарежливост и на второ место според остварениот скок во таа област во 2016 во однос на 2015 година. Поголем скок од неа, остварила само Босна и Херцеговина. Во студијата за дарежливост, со која се опфатени 140 држави, предвид се земени три категории: подготвеност да се помогне …

Индекс на дарежливост: Колку се дарежливи Македонците Read More »

Џафери: Парламентот со засилен надзор над буџетските расходи


Членови на парламентите од земјите од Западен Балкан, заедно со претставници од Светската банка и од Европскиот парламент, како и регионални експерти, дискутираат во Скопје за регионална соработка и како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан. Според Извештајот презентиран во рамки на конференцијата „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен …

Џафери: Парламентот со засилен надзор над буџетските расходи Read More »