Промоција на книгата „Живот во кутија“ од Томислав Кежаровски


„Живот во кутија“ е насловена првата книга на новинарот Томислав Кежаровски, која ќе биде промовирана вечер од 18 часот на универзитетот ФОН.

– Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви и онакви, нема наши и ваши. Неправдата постои откако е создаден светот. Тешко се победува, но тоа не значи дека треба да се откажеме од потрагата по правдата или, уште пострашно, да ги затвориме очите и да бидеме неми набљудувачи, истакнува авторот Кежаровски.