Пронајден штитеникот од „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот


Дванаесетгодишниот штитеник на домот „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот, е пронајден вчера на улицата „Васко Карангелески“. Штитеникот, како што соопшти денеска МВР, во 15:30 часот е вратен во Домот.

Златна Зора го исклучи од нејзините редови пратеникот кој повика на воен пуч


Националистичка грчка партија Златна Зора пред малку го исклучи од нејзините редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој  за време на денешната расправа во грчкиот парламент, повика да интервенира војската за да се спречи “предавството со името” и да ги уапси грчкиот премиерот, министерот за одбрана и претседателот на државата.

Стартува имплементацијата на договорот: „Северна“ ќе се вградува од Преспа до Брисел


Стартува процесот на имплементација на договорот за името што го заокружија премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Двајцата шефови на влади треба и да се сретнат повторно во наредните денови за да стават потпис на решението што го постигнаа, а кое експресно наиде на позитивен одек кај меѓународната заедница. Иако …

Стартува имплементацијата на договорот: „Северна“ ќе се вградува од Преспа до Брисел Read More »

ВМРО-ДПМНЕ в недела во Битола ќе организира протестен марш за името


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и партијата нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име, а в недела ќе организира протестен марш, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вечерашната седница на Извршниот комитет. Како што рече Мицкоски ИК едногласно заклучил дека станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси …

ВМРО-ДПМНЕ в недела во Битола ќе организира протестен марш за името Read More »

„Еуромакс рисорсис“: Имаме аргументи, ќе се бориме за Иловица


Златото на Огржден замати уште една контроверза – ќе има ли рудник? Извршниот директор на компанијата „Еуромакс рисорсис“ Варшан Гокул од седиштето на канадската компанија во Лондон,` два-три пати месечно доаѓа во Македонија. „Еуромакс рисорсис“ е концесионер на рудникот за злато и бакар „Иловица“. Дали Иловица ќе биде пример за безбедно и одговорно рударство како …

„Еуромакс рисорсис“: Имаме аргументи, ќе се бориме за Иловица Read More »

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас


Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци на Панос Каменос, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор. Партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став …

Партијата на Каменос нема да го поддржи Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас Read More »

Франција го поздрави договорот за името


Франција го поздравува постигнатиот договор за прашањето за името, објавен од страна на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи. Според Министерството за надворешни работи на Франција, ова е голем развој, од чиј исход корист ќе имаат и двете земји, овозможувајќи развој на нивните односи во …

Франција го поздрави договорот за името Read More »

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во …

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто Read More »

Повредени повеќе лица во сообраќајка на патот Прилеп-Битола


Повеќе лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола кај Тополчани, велат, според првични  информации, од Секторот за внатрешни работи Битола. Во несреќата  учестувувале три возила. Магистралниот пат е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат Прилеп-Битола

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик


Грција, по прв пат признава македонска националност и јазик за нашите северни соседи. Елементи што претставуваат корен на иредентизмот, рече лидерот на опозициската Нова демократија Киријакос Мицотакис на денешната расправа во грчкиот парламент, кусо пред да достави барање за гласање недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас. Мицотакис упати остри обвинувања до Ципрас за содржината …

Мицотакис: Грција прв пат признава македонска националност и јазик Read More »

Светската јавност го фали лидерството на Заев и Ципрас


Крај на 27-годишниот спор – тоа е суштината на огромниот број текстови во светските медиуми по објавувањето на договорот меѓу Македонија и Грција. Текстовите се прецизни, без во нив да се нагласува дали договорот е причина за триумф на Атина или пораз на Скопје, или обратно. Во најголемиот дел од текстовите се пренесуваа причините за …

Светската јавност го фали лидерството на Заев и Ципрас Read More »

Ќе си дозволи ли претседателот Ѓорге Иванов да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО?


Слободанка Јовановска Македонија неделава, според сите дипломатски оценки, напиша историја. Веста за договорот со Грција одекна исто како самитот на претседателите на САД и Северна Кореја. За светските медиуми главна вест беше дека го сменивме името на државата. Граѓаните пак дома се поделија на два фронта- тие што веруваат дека постигнавме победа и другите што …

Ќе си дозволи ли претседателот Ѓорге Иванов да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО? Read More »

Кацарска ѝ порача на Јанкулоска: Немојте да си поигрувате со судот


Како жена и како мајка, ќе бидам коректна и ќе ѝ дозволам на обвинетата Гордана Јанкулоска и повеќе од 45 дена по породувањето да не доаѓа на судски рочишта, но по 29 август нема да бидат дозволени никакви оправдувања и боледувања за отсуство. Судијката Добрила Кацарска на вчерашното рочиште за случајот „Тенк“ ѝ одговори на …

Кацарска ѝ порача на Јанкулоска: Немојте да си поигрувате со судот Read More »

Хелсиншкиот комитет апелира на воздржување од говор на омраза


Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во денешното соопштение до медиумите наведува дека недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на ставовите и мислењата, но апелира на воздржаност од употреба на говор на омраза. – На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста …

Хелсиншкиот комитет апелира на воздржување од говор на омраза Read More »

Макрдаули: „Југохром“ се обврза да постави филтри, наша задача е да ги провериме


Согласно задачите кои ги има добиено во рамки на оперативниот план, компанијата „Југохром“ се обврза да ги постави филтрите. Нашата задача како Министерство за животна средина и просторно планирање е да провериме дали тие се согласно стандардите што се предвидени и тука завршува нашиот дел во овој момент. Ова денеска го изјави заменик-министерот за животна …

Макрдаули: „Југохром“ се обврза да постави филтри, наша задача е да ги провериме Read More »

Музичари од Охрид и Струга со трибјут за „Пинк Флојд“, Ѓоко Танески ќе пее


Единаесет музичари од Охрид и Струга на 26 јули на големата сцена кај Долни Сарај во Охрид ќе одржат концерт со избрани хитови на светски познатата рок група „Пинк Флојд“. На денешната прес-конференција по повод проектот насловен „NUMB Tribute to Pink Floyd“ беше истакнато дека иницијативата за организирање таков концерт произлегла од влијанието што врз …

Музичари од Охрид и Струга со трибјут за „Пинк Флојд“, Ѓоко Танески ќе пее Read More »

Иванов: Постапката на Борисов не придонесува за конструктивност


Бугарија треба да бара интензивни контакти и дијалог не само со Владата на Република Македонија туку со сите останати институции како со Претседателот, така и со Народното Собрание и со опозицијата. Тоа е начинот навистина да имаме конструктивни, добрососедски и пријателски односи, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан како го коментира откажувањето на средбата со …

Иванов: Постапката на Борисов не придонесува за конструктивност Read More »

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада


Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022. Лидерот на Нова демократија рече дека тоа е негова обврска кон грчкиот народ и го предизвика …

Нова демократија достави барање за гласање недоверба на грчката влада Read More »

Иванов му затвори врата на Заев! Ќе го затвори ли и името во фиока?


Ги прими во претседателската резиденција и потоа нервозно си замина… Ваков нов скандал приреди вчера претпладне претседателот Ѓорге Иванов кога во неговиот кабинет пристигнаа премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров за да го информираат за деталите од договорот со грчката влада за надминување на спорот за името. Претходно, Иванов бараше да биде …

Иванов му затвори врата на Заев! Ќе го затвори ли и името во фиока? Read More »

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ


Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела. Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија. – Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација, изјави Одаловиќ за Новости. Најмногу дела недостигаат во Рим. …

Исчезнале повеќе од 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ Read More »