Златна Зора го исклучи од нејзините редови пратеникот кој повика на воен пуч


Националистичка грчка партија Златна Зора пред малку го исклучи од нејзините редови пратеникот Константинос Барбарусис, кој  за време на денешната расправа во грчкиот парламент, повика да интервенира војската за да се спречи “предавството со името” и да ги уапси грчкиот премиерот, министерот за одбрана и претседателот на државата.