СП 2018: Уругвај без Кавани против Франција


Еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Уругвај, Едисон Кавани, нема да настапи на натпреварот од четвртфиналето против Франција на Светското првенство во Русија. Кавани ги постигна два гола против Португалија во осминафиналето, но поради повреда предвреме го заврши натпреварот. Уругвајската репрезентација соопшти дека фудбалерот нема скинат мускул на листот на десната нога, туку само …

СП 2018: Уругвај без Кавани против Франција Read More »

Ангелов: Во МВР имав поголема плата


Генерал Стојанче Ангелов неколку дена работи во „Македонска навигација“ (М-НАВ) како советник. На фејсбук, како претседател во оставка на политичката партија Достоинство напиша дека „во овој чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците и на сите останати нејзини граѓани“, чувствува обврска за политичко реактивирање. …

Ангелов: Во МВР имав поголема плата Read More »

Дали Судскиот совет ќе биде кочничар на судските реформи?


Судскиот совет е телото кое избира и разрешува судии, но актуелниот состав досега не разреши ниту еден судија, односно не утврди одговорност кај ниту еден од нив, иако целата јавност слушна дека се избирале судии од тефтерчиња и дека поранешната претседателка, а сегашна членка на советот, Александра Зафировска, им предлагала судии на поранешните министри. Таа …

Дали Судскиот совет ќе биде кочничар на судските реформи? Read More »

Север е страна на светот, а не нација


Ерол Ризаов Кои се осумте најголеми лаги и како да ги препознаeте големите лажговци и нивните манипулации со мотиви да не успее референдумот, Македонија да не биде членка на ЕУ и на НАТО. Прво, ако некој каже дека потпишаниот договор со Грција е капитулација, веднаш да знаете дека е лажго. Ништо нема да изгубите ако …

Север е страна на светот, а не нација Read More »

Почина тетовец по пад од кран во Порој


Тетовецот Р.Б.(67) починал вчера нешто по 16 часот откако претходно околу 14 часот и 30 минути паднал од лопата на кран додека заварувал во круг на приватна фирма во Порој, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци, сега починатиот бил влезен во лопатата на кранот и заварувал цевки од бетонска пумпа …

Почина тетовец по пад од кран во Порој Read More »

Шилегов: Летово ќе се реконструираат 11 средни училишта во Скопје


Град Скопје во текот на летниот распуст ќе изврши целосна реконструкција на фасадите во средните училишта „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“, со цел истите да станат енергетски ефикасни, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој наведе …

Шилегов: Летово ќе се реконструираат 11 средни училишта во Скопје Read More »

Јавното обвинителство утврдува евентуална кривична одговорност за удавеното девојче


Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за трагичниот настан во општина Илинден, во кој вчера животот го загуби 13-годишно девојче, и на утврдување на евентуална кривична одговорност. – Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните …

Јавното обвинителство утврдува евентуална кривична одговорност за удавеното девојче Read More »

Кривична пријава против Тодоровиќ за мостот „Око“


Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ поднесе Финансиската полиција, под сомнение за проневера на 436 илјади евра за изградба на мостот „Око“. Тодоровиќ, кој беше градоначалник во периодот 2009-2013 се твоари дека на 3 септември 2009 година склучил договор јавна набавка за изградба на мостот ,,Око“ со хрватската градежна фирма ,,Конструктор Инженеринг“ …

Кривична пријава против Тодоровиќ за мостот „Око“ Read More »

Популистичкиот закон за отписот на камати, дочекан како дискриминаторски


Да се повлече од собраниска процедура предлог- законот за отпишување на камати за наплата на долгови за комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, за за одржување заеднички простории, наводнување и за одводнување земјоделско земјиште, побараа граѓанските здруженија кои беа поканети на дебата во парламентот. Според нив, предложениот закон е дискриминаторски и побараа да се …

Популистичкиот закон за отписот на камати, дочекан како дискриминаторски Read More »

Ќе се реконструира покривот на Заводот за нефрологија во Струга


За неколку дена ќе биде распишан тендер за реконструкција на покривот на Заводот за нефрологија во Струга, најави при денешната посета заменик-министерот за здравство Асим Муса. Проектот за реконструкција на покривот, како што истакна, бил подготвен уште додека тој бил директор на установата, но поради изборите бил пролонгиран. Посочи дека освен покривот дека ќе се …

Ќе се реконструира покривот на Заводот за нефрологија во Струга Read More »

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија


Земјотрес претпладнево некоја минута по 11 часот е почуствуван во Македонија. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа за МИА дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на 170 километри западно од Скопје, во соседна Албанија. Повеќе детали од Сеизмолошката опсерваторија најавуваат за подоцна. Албанските медиуми јавија дека земјотресот е со интензитет од 5,2 …

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Албанија Read More »

Шон Пол на 23 август со концерт во Скопје


Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија. Шон Пол ќе одржи концерт на 23 август на стадионот на АРМ во Скопје. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација …

Шон Пол на 23 август со концерт во Скопје Read More »

Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ наградена во Нови Сад


Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш”, во продукција на Артопија, ја доби наградата за „Исклучителна експресивност на границата помеѓу театарот и останатите уметности или творештво во најширока смисла”, на фестивалот Инфант во Нови Сад, Србија. „’Да го поздравиш и да ми го бациш’ ни носи исклучителна експресивност на еден млад театар, чии …

Претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ наградена во Нови Сад Read More »

Холивуд репортер: Филмот „Бикини Мун” на Манчевски е импресивна медитација


Холивудската библија „Холивуд рипортер” го оцени последниот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Тие пишуваат дека филмот е импресивна медитација за процесот на создавање документарец. Во рецензијата, што ја напиша една од најреномираните американски филмски критичарки Дебра Јанг, се вели дека „’Бикини Мун’ на Милчо Манчевски, животворен филм што провоцира на размисла, оди по …

Холивуд репортер: Филмот „Бикини Мун” на Манчевски е импресивна медитација Read More »

Во обид да го спаси братот, се удави девојче во скопски Илинден


Тринаесетгодишно девојче се удави во дупка со вода во скопски Илинден. Според неофицијални информации, тоа влегло во дупката на градилиште за да ги спаси помалиот брат и неговиот другар, кои се капеле во водата. Несреќата се случила вчера во месноста Бигла, во ископ на темели за зграда. Девојчето починало на самото место. „На местото на …

Во обид да го спаси братот, се удави девојче во скопски Илинден Read More »

Николовски: Нема проблем со откупот на лубениците


Нема никаков застој во откупот на лубениците. Дневно се преземаат по 500 тони, а наши екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поефикасни контроли во делот на безбедноста на храната, …

Николовски: Нема проблем со откупот на лубениците Read More »

Пороен дожд и грмежи попладне во северните и источните делови


Управата за хидрометеоролошки работи за попладне во северните и источните делови од државата најавува ретка појава на локален дожд и грмежи со услови за појава на град. Во Скопската котлина попладне се очекува локален пороен дожд и грмежи. До петок времето ќе биде сончево и топло, а веќе за викендот се очекуваат пороен дожд и …

Пороен дожд и грмежи попладне во северните и источните делови Read More »

Грчките власти открија најголема плантажа за канабис во историјата на земјата


Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“. Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник. Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.

На вработените во „Еурокомпозит“ линеарно ќе им се исплатат примања


Владата ја задолжи компанијата 11 Октомври – Еурокомпозит од Прилеп да побара позајмица од компаниите во државна сопственост од ЕЛЕМ и од МЕПСО од по три милиони денари или вкупно шест милиони денари. Во исто време, Владата им препорача на двете претпријатија да го обезбедат побаруваниот заем. – Половина од средствата, три милиони денари, се …

На вработените во „Еурокомпозит“ линеарно ќе им се исплатат примања Read More »

Импровизацијата ги носи параглајдеристите во смрт


До Основното јавно обвинителството во Прилеп доставени се завршните извештаи од истрагите за воздухопловните несреќи лани лето во Крушево во кои загинаа тројца параглајдеристи и уште една истрага за пад на моторен змеј, која минала само со повреди на пилотот. Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти во сите случаи заклучил дека станува …

Импровизацијата ги носи параглајдеристите во смрт Read More »