Кривична пријава против Тодоровиќ за мостот „Око“


Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ поднесе Финансиската полиција, под сомнение за проневера на 436 илјади евра за изградба на мостот „Око“.

Тодоровиќ, кој беше градоначалник во периодот 2009-2013 се твоари дека на 3 септември 2009 година склучил договор јавна набавка за изградба на мостот ,,Око“ со хрватската градежна фирма ,,Конструктор Инженеринг“ од Сплит, во износ 92 милиони и 545 илјади денари со анекс договор со кој вредноста на договорот се зголемил 119 милиони 197 илјади денари. ,

Тодоровиќ ѝ исплаќал аванси на градежната фирма, и покрај  неизвршените градежни работи што биле договорени. И наместо заради непочитување на роковите за завршување на обврските фирмата  да ѝ исплаќа пенали на општина Центар, поранешниот градоначалник им уплаќал постојано аванси.

 Кривични пријави се поднесени за уште две лица од општина Центар  за проекти од „Скопје 2014“.
Директорот  на Финансиската полиција Арафат Муареми информира дека нанесената штета во вкупен износ од 26,6 милиони денари или приближно 433.389 евра пријавените лица се согласија да ја надоместат во целост за што добиле потврда и од општина Центар дека на 30 јуни оваа година паричните средства се вратени на буџетската сметка на општината.
Ова не значи дека постапката против осомничените  ќе запре, рече директорот на Финансиската полиција и кажа дека кривичните пријави веќе се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје.