Во обид да го спаси братот, се удави девојче во скопски Илинден


Тринаесетгодишно девојче се удави во дупка со вода во скопски Илинден. Според неофицијални информации, тоа влегло во дупката на градилиште за да ги спаси помалиот брат и неговиот другар, кои се капеле во водата.

Несреќата се случила вчера во месноста Бигла, во ископ на темели за зграда. Девојчето починало на самото место.

„На местото на настанот излегле екипи од СВР-Скопје, Итна медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита. Околу 15.00 часот, од страна на локалните жители, телото на девојчето било извадено. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти полицијата.