Армани со нов моден предизвик-ќе дизајнира јахта
Италија– Џорџо Армани ќе си ја исполни страста за дизајнирање на луксузна јахта во нов, неочекуван проект.
Модната куќа на дизајнерот соопшти дека Армани дизајнира единствена моторна јахта „Адмирал“ во партнерство со „ The Italian Sea Group“. Јахтата треба да биде готова во 2024 година.
Ова е прв пат Армани да се вклучи во ваков проект, иако тој го надгледуваше опремувањето и дизајнот на неговите две лични јахти, Мариу и Ман.
Додека останатите детали за најновиот дизајн на јахтата се чуваат во тајност, овој потег го рефлектира пристапот кон животниот стил на брендот – компанијата има успешно деловно уредување и дизајнирање на домови на Армани Каза од 2001 година и на хотелите Армани во Милано и во Дубаи .
Секое лето, локалните таблоиди го фаќаат Армани како го поминува својот одмор на неговата јахта Ман во воено зелена боја од 213 стапки, која беше лансирана во 2008 година и може да се пофали со шест спални. Бродот ја замени поранешната јахта на дизајнерот Мариу од 163 стапки, лансирана во 2003 година и именувана по неговата мајка.
Italian Sea Group е глобален оператор во луксузно јахтирање предводено од италијанскиот претприемач Џовани Костантино. Работи со марката „Адмирал“, која произведува јахти, и „Текономар“, кој се фокусира на перформанси и високотехнолошки моторни чамци.(WWD)