Анчелоти го продолжи договорот со Бразил до 2030 година
Карло Анчелоти го продолжи договорот со Бразилската фудбалска конфедерација (CBF).
Новиот договор на 66-годишниот Италијанец е до 2030 година.
„ESPN Brazil“ претходно објави дека платата на Анчелоти ќе биде 10 милиони евра годишно, што го прави најплатен тренер на репрезентацијата.
Анчелоти ја презеде функцијата селектор на бразилската репрезентација на 26 мај 2025 година. Под негово водство, тимот одигра 10 натпревари – пет победи, два нерешени и три порази.
На Светското првенство во 2026 година, Бразил ќе се соочи со Мароко, Хаити и Шкотска во групната фаза.