Алкохолни пијалаци кои се најнездрави за срцето


Како што стареете, почнувате сѐ повеќе и повеќе да размислувате за ефектите што алкохолот ги има врз вашето здравје. Постојат неколку алкохолни пијалаци кои треба да ги избегнувате бидејќи лошо делуваат на вашето срце.

На прво место е румот помешан со Coca-Cola, познат и како коктелот Cuba libre. Докторката Лиса Јанг во интервју за магазинот Eat This, Not That изјави дека всушност секој алкохолен пијалак во комбинација со газирани пијалаци е нездрав за срцето.

Истражувањето неодамна објавено во списанието Journal of the American College of Cardiology покажа дека оние кои редовно консумираат газирани пијалаци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.

Вториот пијалaк што треба да го избегнувате е Piña colada.

„Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти“, вели Јанг.

Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, што доведува до компликации во срцето.

Друг пијалак кој е нездрав е Long Island iced tea бидејќи е богат со шеќер и калории.

„Содржи алкохол, сируп, Coca-Cola и уште неколку слатко-кисели состојки кои се лоши за срцето“, вели таа.

Long Island iced tea е вкусен и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.