Аеродром продаде 23.000 квадрати до салата „Јане Сандански“, ќе гради „Адора“


Компанијата на семејството на бизнисменот и поранешен пратеник, Ванчо Чифлиганец, „Адора“, ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, лоцирана веднаш до спортската сала „Јане Сандански“, објави БИРН. На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари (околу милион и 73.000 евра), потврдил за порталот градоначалникот на Аеродром, […]

САД издадоа монета од 1 долар со ликот на Трамп


Министерството за финансии на САД издаде монети од 1 долар со ликот на претседателот Доналд Трамп. Ова е уште еден чекор во беспреседанната кампања на републиканскиот милијардер да остави свој личен белег врз американските институции. Монетите беа исковани за да се одбележи 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, која се слави оваа година. Ролна […]

Кралот Доналд го симнува доларот од трон


Доларот е светска валута, а не само валута на Америка. Повеќето прекугранични трансакции низ целиот свет се котираат и извршуваат со него. Забележителни 89% од сите девизни трансакции на глобално ниво се извршуваат во долари. Речиси 60% од девизните резерви на централните банки од Пекинг до Цирих се чуваат во форма на банкарски депозити во […]

Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“


Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“. Пред неколку дена Трамп потпиша и извршна наредба за преименување на езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, во „Езеро Америка“. „Сега, откако го контролираме, дали треба Ормуска Теснина да ја преименуваме во ‘Теснина Трамп’?“, напиша американскиот претседател […]

Англиските клубови потрошија четири милијарди евра за трансфери


Втора година по ред, клубовите од Премиер лигата потрошија рекордна сума за трансфери. Откако минатото лето потрошија околу 3,5 милијарди евра, англиските фудбалски прволигаши овој летен преоден рок поставија нов рекорд и во нови засилувања инвестираа околу четири милијарди евра. На второ место се италијанските клубови кои ова лето потрошија 1,16 милијарди евра, по што […]

„Убер“ отпушта 10 отсто од вработените


Американската компанија „Убер“ денеска соопшти дека ќе отпушти 10 проценти од своите вработени, односно ќе укине околу 3.300 работни места, во рамки на реорганизацијата со цел намалување на трошоците, обединување на тимовите и намалување на бројот на нивоа на управување. Извршниот директор на „Убер“, Дара Хосровшахи изјави дека компанијата станала премногу сложена, што го забавувало […]

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев


На 71-годишна возраст денеска во Скопје почина универзитетскиот професор, научник и дипломат Јован Донев, кој зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Донев беше истакнат истражувач во областа на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје […]

Мажите од генерацијата Z имаат бизарен тренд – не се тушираат ниту користат дезодоранс пред состанок


Како светот на состанувањата да не беше доволно комплициран, на социјалните мрежи се појави бизарен нов тренд во кој некои мажи ја занемаруваат основната хигиена во потрагата по партнерка. Наречен „феромон-максинг“, виралниот предизвик на TikTok ги охрабрува тинејџерите и младите мажи да не се тушираат и да избегнуваат дезодоранс, објавува USA TODAY. Теоријата зад трендот […]

Вучиќ го одложи митингот на СНС во Нови Сад по новите антивладини протести


Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Нови Сад, кој беше најавен за 4 септември. „Сакав и планирав да им се обратам на жителите на Нови Сад в петок, 4 септември. Со ова ве известувам дека ќе го одложиме ова обраќање и овој митинг, бидејќи за мене животот […]

„Шеврон“ потврди дека ќе го прошири своето работење во Венецуела


Американската нафтена компанија „Шеврон“ денеска соопшти дека ќе го прошири своето работење во Венецуела, откако ѝ беа доделени дополнителни површини во регионот Ориноко. Плановите за заедничко вложување предвидуваат инвестиции поголеми од седум милијарди долари во наредните пет години, како и повеќекратно зголемување на производството, на приближно 600.000 барели дневно. Извршниот директор на „Шеврон“, Мајк Вирт, […]

„Рајанер“: Поради дефект на грчкиот систем за контрола на летањето доцнеа 37 летови, погодени речиси 7.000 патници


„Рајанер“, авиокомпанијата број еден во Европа, денеска ја повика на Европската комисија итно да го реформира нефункционалниот систем за контрола на воздушниот сообраќај во Европа, откако дефект на опремата на грчкиот систем за контрола на летањето во вторникот, на 1 септември, предизвика сериозни нарушувања во грчкиот воздушен простор, со доцнење на 37 летови на „Рајанер“ […]

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот врз аеродромот во Лајпциг


 Германската криминалистичка полиција идентификуваше ДНК-траги на двајца мажи со руски пасоши, кои се осомничени дека донеле дрон со експлозив на аеродромот во Лајпциг, во обид за напад за кој Берлин вчера ја обвини Русија, објавија германските медиуми „Зидојче цајтунг“, НДР и ВДР. Според медиумските извештаи, првиот осомничен е белоруски државјанин со руски пасош, кој влегол […]

САД ќе воведат царини за полупроводници


Американската администрација подготвува нова царинска рамка за увоз на полупроводници, изјави денеска министерот за трговија на Соединетите Американски Држави, Хауард Лутник, и додаде дека сите релевантни компании се свесни за претстојните мерки. – Она што ќе го видите е таргетирана и промислена царинска политика која во суштина порачува дека ако произведувате тука (во САД), не […]

Ликот на Данела Арсовска се појави на иконскиот Насдак тауер на Тајмс Сквер во Њујорк


Фотографија на поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, беше прикажана на познатиот Кулата Насдак (Nasdaq Tower) на Тајмс Сквер во Њујорк, во рамки на одбележувањето на отворањето на тргувањето на пазарот на капитал Насдак (Nasdaq Capital Market). Арсовска на својот Фејсбук профил појасни дека станува збор за признание за нејзиниот ангажман како член на работната […]

Скандал во Британскиот музеј: 80.000 луѓе во ред, но милијардер го прескокна


  Британскиот музеј приватно го угости технолошкиот милијардер Питер Тил, кој го поддржува Доналд Трамп, во изложбениот простор на таписеријата Баје претходно овој месец, дознава „Гардијан“. Директорката за развој на музејот, Шарлот Еплјард, го угости основачот на PayPal на ВИП-преглед на таписеријата, која сè уште не е отворена за јавноста, на 18 август. Како одговор […]

Јаневска: Нема скратување на часови во училиштата без жолта фаза


Наставата во жешки денови треба да се организира во согласност со протоколот за постапување кога температурите се превисоки. Протоколите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука и се доставени до сите училишта – изјави министерката Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали часовите за учениците ќе бидат скратени во денови кога времето […]

Американска ракета уби петмина во Иран за време на свадба


  Иран ги обвини САД за „воено злосторство“ откако во експлозија на ракета загинаа најмалку пет лица, а 68 беа повредени, кои присуствуваа на свадба во приватна куќа во крајбрежен град во јужен Иран, додека новата размена на напади предизвика стравувања од пошироко обновување на непријателствата. Иранските медиуми објавија дека свадбената церемонија се одржувала во […]

Странските инвестиции под лупа: Владата ќе оценува дали има стратешки ризик за националната безбедност


Во рамките на 121. пленарна седница попладнево, Собранието ја заврши расправата за предлог-законот за пријавување и проверка на странските директни инвестиции и тој со 81 гласа „за“ е даден на натамошно читање. Со законот се уредуваат постапката за пријавување и проверката на странските директни инвестиции со цел да се заштитат националната безбедност и јавниот ред […]

Мицкоски бара Бугарија да го испорача Михаилов во Mакедонија


Премиерот Христијан Мицкоски побара денес од Бугарија да го предаде Симеон Михаилов кој е осуден во „Детонатор“ на 12,5 години затвор, а кого Македонија го бара со меѓународна потерница. Михаилов завчера напладне се појави во вести во живо на бугарските медиуми, додека протестираше пред зградата на македонската амбасада во Софија. Така стана јасно дека тој […]

„Чекор“ на Галоски е меѓу десетте најпуштани песни од други диџеи во светот


Македонскиот диџеј и продуцент Галоски со песната „Чекор“ (Step) се најде на деветтото место меѓу десетте најпуштани песни од други диџеи во светот во изминатиот месец, според податоците на „1001 Треклистс“. На листата се изданија на „Свидиш хаус мафија“, „Медуза“, Клуни и „Адријатик“. Песната е независно издание, објавено преку „Сајд ефектс“, новата издавачка куќа на […]