Аеродром продаде 23.000 квадрати до салата „Јане Сандански“, ќе гради „Адора“
Компанијата на семејството на бизнисменот и поранешен пратеник, Ванчо Чифлиганец, „Адора“, ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, лоцирана веднаш до спортската сала „Јане Сандански“, објави БИРН.

На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари (околу милион и 73.000 евра), потврдил за порталот градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски.
На наддавањето за атрактивното земјиште на кејот на Вардар учествувала и компанијата „Битем“. Почетната цена по која општината ја понуди оваа парцела е 2.032 денари за квадратен метар, а таа во наддавањето пораснала на 2.844 денари или околу 46 евра по квадрат.
Во моментов, како што појаснуваат од општината, течат роковите за жалба, по што ќе треба да се формализира продажбата.