Мицкоски бара Бугарија да го испорача Михаилов во Mакедонија


Screenshot

Премиерот Христијан Мицкоски побара денес од Бугарија да го предаде Симеон Михаилов кој е осуден во „Детонатор“ на 12,5 години затвор, а кого Македонија го бара со меѓународна потерница.

Михаилов завчера напладне се појави во вести во живо на бугарските медиуми, додека протестираше пред зградата на македонската амбасада во Софија. Така стана јасно дека тој всушност се наоѓа во Бугарија. Против неговата ќеркаИва Михаилова, во Кочани се води судски процес каде е обвинета за предизвикување сообраќајка со смртни последици. Судот не ѝ дава да ја напушти Македонија до завршување на процесот, а таа тврди дека мора да се лекува во Бугарија.

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството. Ние сме партнери со источниот сосед во рамките на НАТО. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачааат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата“, рече Мицкоски.