„Чекор“ на Галоски е меѓу десетте најпуштани песни од други диџеи во светот
Македонскиот диџеј и продуцент Галоски со песната „Чекор“ (Step) се најде на деветтото место меѓу десетте најпуштани песни од други диџеи во светот во изминатиот месец, според податоците на „1001 Треклистс“. На листата се изданија на „Свидиш хаус мафија“, „Медуза“, Клуни и „Адријатик“.
Музиката на Галоски летово беше дел од сетовите и радиоемисиите на Дејвид Гета, „Свидиш хаус мафија“, Армин ван Бурен, Мартин Гарикс, Феде ле Гранд и Ники Ромеро.
На 11 септември Галоски ќе објави нова музика за „Смеш д хаус“, издавачката куќа на Димитри Вегас и Лајк Мајк, а уште едно издание е најавено за октомври.