Англиските клубови потрошија четири милијарди евра за трансфери
Втора година по ред, клубовите од Премиер лигата потрошија рекордна сума за трансфери.
Откако минатото лето потрошија околу 3,5 милијарди евра, англиските фудбалски прволигаши овој летен преоден рок поставија нов рекорд и во нови засилувања инвестираа околу четири милијарди евра.
На второ место се италијанските клубови кои ова лето потрошија 1,16 милијарди евра, по што следуваат Бундеслигата (780 милиони евра), Ла Лига (755) и Лига 1 (606 милиони евра).
Клубовите од англиското првенство потрошија околу 460 милиони евра.
Поединечно, Манчестер Сити ја предводи листата со околу 500 милиони евра кои ги потроши за да се засили со Енцо Фернандез, Елиот Андерсон, Ајуб Буади, Илиман Ндијаје, Алан и Матис Детурбе.