Ќе се формира Оператор на пазар на природен гас, клучен чекор кон либерализација и модернизација на гасниот сектор


Владата  ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донесе соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје за да […]

В петок во Солун ќе се потпише меморандумот за проширувањето на Вертикалниот коридор со нашата земја


Проширувањето на Вертикалниот коридор со вклучувањето на нашата земја и Србија, како што беше одлучено на министерскиот состанок во Атина на средината на мај, се очекува в петок да се официјализира со потпишувањето на соодветните Меморандуми за разбирање, јави дописничката на МИА од Атина. На крајот на јули министерот за животна средина и енергетика на […]

Гала концертот со Карерас беше и парада на тоалети (фото)


Концертот со славниот шпански тенор Хозе Карерас, синоќа, на Градскиот плоштад во Скопје,  не беше само голем музички настан, туку и парада на елеганцијата, гламурот и впечатливите креации. Под светлата на сцената на отворено, каде што музиката, гласот и славењето на независноста беа во центарот на вниманието, дел од најпознатите дами од македонската фолк, поп […]

Ако сте освоиле некое место на школските натпревари во VII и VIII одд., пријавете се за стипендија до 3.500 денари од Општина Карпош


Општина Карпош продолжува да ги поддржува младите таленти и нивните успеси, преку доделување стипендии за талентирани ученици од основните училишта на својата територија за учебната 2026/2027 година. Право на стипендија имаат ученици кои се жители на Општина Карпош, редовно посетуваат VIII или IX одделение во основните училишта на територијата на општината, имаат одличен успех во […]

Москва се заканува со директен удар врз Германија


Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ѝ се закани на Германија со „директен удар“ врз нејзините воени производствени капацитети откако Берлин ја обвини Москва дека стои зад нападот со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг минатиот месец. Медведев, заменик-претседател на рускиот совет за безбедност и рутински отворен провокатор, напиша на Телеграм дека раководството на Германија „заслужува […]

Млад скопјанец ја однел сопругата во шума, ја врзал и ја тепал со тврд предмет


Застрашувачки детали открива полицискиот билтен за случај со родово базирано насилство во Скопје. Имено, млад скопјанец вчеравечер ја однел сопругата во шума каде ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.  – На 01.09.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по […]

Осум граѓански организации бараат Мицкоски да го разреши директорот Китановиќ


  Осум граѓански организации бараат од премиерот Христијан Мицкоски итно да го разреши директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ, откако тој на Фејсбук го глорифицираше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. По бурните реакции во јавноста, Китановиќ ја избриша објавата „Генерали на небеската војска“ и му се извини на премиерот, а […]

Хаос во Пентагон, Трамп  „загрижен“ од обемот на чистката


Секретарот на армијата, Ден Дрискол, стана најновиот високо рангиран американски воен службеник кој го напушти Пентагон поради тензии со државниот секретар Пит Хегсет. Досега не е дадена официјална причина за заминувањето на Дрискол по 18 месеци на функцијата, но ова доаѓа откако CNN и Reuters објавија дека тој бил во кавга со Хегсет неколку месеци. […]

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка


На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство. Во […]

Од 2012 до 2025 година во „Пулс“ не влегол инспектор за пожар


Колку што ни е нам познато, од 2012 до 2025 година не е извршена инспекциска контрола во дискотеката „Пулс“ од страна на инспектор за противпожарна заштита. Вака денеска одговори вештото лице Викторија Будимовска Секуловска во судницата во Идризово, каде продолжи судската расправа за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани. Денешната расправа продолжи со доказна […]

Во Будимпешта е отворена кривична истрага за кредитот од една милијарда евра за Македонија


  Унгарските власти отворија кривична истрага за наводни злоупотреби во државната Ексимбанк, соопшти полицијата во вторникот, во најновиот чекор на владата на премиерот Петер Маѓар за истрага на наводната корупција за време на поранешната администрација на Виктор Орбан. Ројтерс јавува дека полицијата истражува четири случаи на Ексимбанк под сомнение за злоупотреба на службената должност и […]

По Њујорк и Сараево на ред е Битола : Македонска премиера на „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума на 47. „Браќа Манаки“


Лауреат на Специјалната златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на годинашното 47-мо издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ е кинематографот од САД, Џеф Кроненвет, соопшти директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. Тој истакна дека со изборот на Кроненвет се зајакнува фестивалот како центар на светската филмска уметнот. -​Во Битола доаѓа […]

Дигитално реставрираниот „Солунските атентатори“ премиерно ќе го отвори фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“


Дигитално реставрираниот филм „Солунските атентатори“ во режија на Жика Митровиќ премиерно ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот на филм, музика и уметност „Нем филм 2026“ што ќе се одржи од 10 до 15 септември во Кинотека. Филмот „Солунските атентатори“ е најновото издание на Кинотеката во рамките на нејзината програма за дигитална реставрација на македонски […]

Светската економија се очекува да порасне за околу три отсто оваа година, ризиците остануваат големи, вели Шефицата на ММФ


Се очекува глобалната економија да се зголеми за околу три проценти во 2026 година, но ризиците за перспективите остануваат високи поради енергетскиот шок, рекордно високиот јавен долг, инфлациските притисоци и неизвесноста околу влијанието на вештачката интелигенција врз продуктивноста и финансиската стабилност, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, по состанокот на министрите за […]

Мицкоски очекува растот на БДП годинава да изнесува 3,5 – 4 отсто


  Премиерот Христијан Мицкоски очекува растот на БДП да продолжи и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто. Како што изјави денеска, Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови. – Сите задолжувања се за проекти како овој, за враќање стари долгови, еврообврзници. Оваа година имаме еврообврзница од 700 милиони, следната година […]

Малдивите станаа центар од каде што Русија се снабдува со санкционирана стока


  Русите се втора најголема туристичка група на Малдивите (по Кинезите), но откако Владимир Путин ја започна војната во Украина, овој туристички рај доби уште една важна функција. Русија воспостави извоз на стоки што се предмет на западни санкции, вклучувајќи производи со двојна намена. Американска, европска и кинеска стока сега тече низ Малдивите, вклучувајќи микрочипови […]

Владата ги усвои измените на Законот за јавни набавки, задолжителна примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“


Владата го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, со кој се воведуваат повеќе решенија насочени кон модернизација на системот, зголемување на транспарентноста, подобрување на конкуренцијата и поефикасно трошење на јавните средства, информираат од Министерството за финансии (МФ). Измените, како што посочуваат, произлегуваат од искуствата стекнати во досегашната примена на Законот […]

ЕУ е подготвена да вложи милијарди во дата центри. Не сите земји го сакаат тоа


  БРИСЕЛ — Глобалната лудост – изградба на масивни центри за податоци со вештачка интелигенција- доаѓа во Европа. Само не во цела Европа. Две третини од владите на Европската унија ветија пари за да го поддржат планот на ЕУ за создавање седум големи центри за пресметување со вештачка интелигенција, најзначајниот поттик на блокот во индустриската […]

СДСМ тврди дека има нов скандал со тендери во Министерството за дигитализација вреден 1,5 милиони евра


  СДСМ тврди дека продолжуваат тендерите во Министерството за дигитална трансформација во кој е вклучен Мартин Клинчаропв, сопругот на државната секретарка. Јон Фрчекоски, член на ИО на СДСМ на денешната прес-конференција рече дека сумата од овие тендери била 1,5 милиони евра. „Ова е продолжение на скандалот кој веќе го објавивме, тоа се тендерите на фирмата […]

Градскиот воз тргна – ќе подзапрат ли возачите на автомобили на патните премини?


Со симобличното возење беше означено пуштањето на првата фаза од Градскиот воз од Зелениково до Скопје и обратно, што треба да сообраќа по осум пати во текот на денот.  Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а потоа ќе има поаѓања во: 8:30 часот, 12:26 часот,  14:00 часот, 16:25 часот, 18:30 часот, 20:12 […]