Млад скопјанец ја однел сопругата во шума, ја врзал и ја тепал со тврд предмет
Застрашувачки детали открива полицискиот билтен за случај со родово базирано насилство во Скопје. Имено, млад скопјанец вчеравечер ја однел сопругата во шума каде ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
– На 01.09.2026 во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.