Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормуска Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“.
Пред неколку дена Трамп потпиша и извршна наредба за преименување на езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, во „Езеро Америка“.
„Сега, откако го контролираме, дали треба Ормуска Теснина да ја преименуваме во ‘Теснина Трамп’?“, напиша американскиот претседател на својата платформа Трут соушал.
Стратешкиот морски коридор е блокиран од Техеран од почетокот на војната, која започна на 28 февруари со израелско-американските напади врз Иран.