Мицкоски нема претседателски амбиции, сака подолго да биде премиер


Немам амбиција да се кандидирам за претседател на државата, но како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на следните парламентарни избори, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. – Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите. Јас никогаш […]

По пеколните горештини – неколку пожари во јужна Франција


Пожарникарите се борат да стават под контрола шумски пожар во департманот Од во јужна Франција, додека земјата се бори да се справи со последиците од неодамнешниот топлотен бран во Европа. Локалната администрација на департманот, кој се наоѓа во близина на границата со Шпанија, на Х соопшти дека временските услови остануваат неповолни поради големата брзина на […]

Јаневска: Без ангажман на родителите нема ефикасна борба против врсничкото насилство


Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво […]

СЗО соопшти дека два третмани за ебола влегуваат во фаза на клинички испитувања во Конго


 Во Демократска Република Конго почнува клиничко тестирање на два пристапи за антивирусна терапија против вирусот на ебола, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Исто така, се истражува дали комбинирањето на двата антивирусни лекови нуди дополнителни придобивки за пациентите со ебола предизвикана од сојот Бундибуџо за кој во моментов не постои вакцина или терапија. Во мај, […]

Украински нудли направија епидемија на салмонела во 14 европски земји


Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) и здравствените власти денеска објавија дека епидемија на инфекција со салмонела поврзана со ароматизирани инстант тестенини е регистрирана во повеќе европски земји, со 106 потврдени случаи, претежно кај деца и млади луѓе. Случаите за прв пат беа пријавени во ноември, а најмалку 49 лица беа хоспитализирани, соопштија ЕФСА […]

СП 2026: Европски репрезентации во меѓусебни дуели во борба за осминафиналето


Торонто– Според денешната програма на Мундијалот Европа ќе има две репрезентации во осминафиналето, а можно е и три бидејќи во два дуела европските селекции играат меѓу себе. Една од најинтересните двојки од првата нок аут фазата на Светското првенство е дуелот меѓу Хрватска и Португалија. Во Торонто најверојатно една од ѕвездите на репрезентациите Португалија (Кристијано […]

Ако САД го освојат Светското, НАСА ќе испрати фудбалска топка на Месечината


Шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џеред Ајзекмен, изјави дека ќе испрати фудбалска топка од Светското првенство 2026 на Месечината доколку репрезентација на САД успее да го освои турнирот што е во тек. „Значи, малку мотивација за САД. Ќе го надминеме Алан Шепард и играњето голф на површината на Месечината, ќе однесеме фудбалска топка на […]

„Рајанер“ ги именуваше аеродромите со долги редици за гранични проверки во ЕУ


Лондон – Авиокомпанијата „Рајанер“ (Ryanair) идентификуваше седум популарни европски аеродроми каде патниците се соочуваат со долги доцнења поради новите гранични проверки на ЕУ. Од компанијата соопштија дека аеродроми кои особено се мачат со Системот за влез/излез (ЕЕС) се Тенерифе Југ, Палма, Аликанте и Малага, сите во Шпанија; Милано Бергамо во Италија; Краков во Полска; и […]

Во Загреб судир помеѓу лимузината на Пленковиќ со возило од конвојот


Загреб – Во центарот на главниот град на Хрватска, Загреб денеска се судрија две блиндирани возила. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица. Во едното блиндирано возило се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Инцидентот се случи кога блиндираното возило со кое се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се судри со друго возило од конвојот. Полицијата го истражува […]

Ристески: Инспекторатот ги анализира цените на 700 основни производи, резултатите за една недела


Државниот пазарен инспекторат ги следи цените на околу 700 есенцијални производи, а резултатите од анализата се очекуваат во рок од една недела, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, пренесе МИА. При посетата на Агенцијата за вработување во Штип, Ристески рече дека инспекторите извршиле контроли во голем број продажни објекти, по што Владата ќе […]

Одложено сослушувањето на сведоците во случајот „Пулс“ поради доверливи документи


Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е […]

ОЈО ГОКК во 2025 година поднело барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати.  Постапките за […]

Копров за Владо Јаневски: Најсилна страна му беа текстовите


Беше пребирлив, талентиран, ексцентричен, џентлемен, со свој стил на живот и не се оптоваруваше со другите. Перфекционист и со изборот на песните и со изгледот. Текстовите му беа најсилна страна, вели хитмејкерот и композитор Григор Копров за поп-ѕвездата Владо Јаневски, во разговор за „Независен“. На времето, кога не постоеја социјалните мрежи и врските,  требаше да […]

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња


Се запали гнездо во Росоман, спасени и згрижени се мајка и три млади штркчиња. Пожарот избувнал од засега непознати причини, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите птиците биле спасени. – Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ново гнездо во кое […]

2 јули во историјата – Португалија и Шпанија потпишаа договор за поделба на светот


  Пред Велика Британија и Франција да ги имаат најголемите колонијални империи во светот, главни колонизатори беа Португалија и Шпанија. Овие две земји тргнаа да најдат алтернативен пат до Индија за да им помогнат на своите економии, секоја правејќи го тоа на свој начин. Кога овие две европски сили се судрија за територија, тие одлучија […]

(Видео) Хаос во Албанија: Оклопни возила пред парламентот, јајца и брашно врз пратениците


Продолжуваат протестите пред албанскиот парламент, каде што граѓаните се собраа да протестираат против албанскиот премиер Еди Рама и неговата влада, одговарајќи на повикот на организаторот за одржување протест паралелно со пленарната седница на собранието. Според албанските медиуми, полицијата употребила солзавец, спреј со бибер и водени топови. Граѓаните се собраа пред собранието од раните утрински часови, […]

Не фудбалот: Франција е во треска за Тур де Франс и домашниот возач Пол Сексас


  Во четврток наутро, два дена пред почетокот на Тур де Франс 2026, францускиот спортски весник „Л’Екип“ го постави Пол Сексас, големата велосипедска сензација, на насловната страница. „Французите се на работ на своите столчиња ова лето“, пишува во насловот под портретот на 19-годишниот Французин. Во интервјуто, Сексас весело се согласува со возбудата. Сеишас е возбуден […]

Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава


Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава, но и најголемите облаци од пепел што италијанскиот остров ги видел во последните години. Според локалните медиуми, вулканската активност на Етна продолжува по пукнатината што се отворила на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот на надморска височина од околу […]

Од денеска, повторно сообраќаат возови, но само од Скопје до Гевгелија и до Велес – до Битола нема


ЈП Железници инфраструктура соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во сообраќај патничките возови кои беа запрени поради изведување  градежни работи на пругата Скопје – Велес, како дел од активностите за проектот „Градски воз“  во делот од станица Скопје до станица Зелениково. Прекинот во сообраќањето на возовите траеше од 22. минатиот месец, од кога се […]

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични и за децата и за родителите, но позорникари не може да се обезбедат


Насилството меѓу врсници бара меѓуинституционален одговор, каде покрај МВР, би се вклучило и МОН, како и социјалните служби, но и судовите и обвинителството, смета министерот за внатрешни работи, Панче Тоѓковски, но признава дека бројката на полицајци, не е доволна за да се воспостави позорникарска служба, односно да патролираат полицајци секаде каде што се движат граѓани. […]